ПРВИЧНИ ОХРАБРУВАЧКИ КОМЕНТАРИ ПО КОРИСТЕЊЕТО НА CITROËN Ë-JUMPY HYDROGEN ОД СТРАНА НА SUEZ

- По месец дена интензивно користење на Citroën ë-Jumpy Hydrogen, SUEZ ги истакна неговите квалитети, во смисла на оптимизација на времето на користење на возилото, сестраната употреба и брзината на полнење, при користење на чист извор на енергија.
- Благодарение на ефикасното интегрирање на горивни ќелии, ë-Jumpy Hydrogen го задржува својот корисен волумен и носивоста.
- Оваа охрабрувачка прва повратна информација од SUEZ ја покажува способноста на Citroën да иновира притоа земајќи ги во предвид предизвиците на енергетската транзиција и дејаглеродизација на транспортот, нудејќи возила прилагодени за различни намени, од My Ami Cargo до ë-Jumper.
«Citroën ë-Jumpy Hydrogen означува исчекор во стратегијата за електрификација на марката. Ја комплетира нашата палета лесни комерцијални возила со нула емисија, најголемата на пазарот. Ова ново решение ја комбинира технологијата на литиум-јонски батерии со јаглеродни горивни ќелии, за да се одговори на интензивното користење од страна на професионалците, благодарение на времето на полнење на водород од само 3 минути и опсег на возење од 400 km. Оваа технологија ќе игра суштинска улога во примената на решенија за мобилност за професионалци со нула емисија.»
Richard Meyer, Strategy & International Development – Light Commercial Vehicles Business Unit
ЗАКЛУЧОЦИ ОД РЕЗУЛТАТИТЕ
Во јануари во SUEZ Carcassonneа возеа ë-Jumpy Hydrogen. Повратните информации за ова прво комерцијално возило на горивни ќелии се многу позитивни и го нагласуваат совпаѓањето помеѓу понудените услуги и намените што ги бараат активностите на вработените.
ТЕХНОЛОГИЈАТА ПРИЛАГОДЕНА НА ОВОЈ ВИД НА УПОТРЕБА
На локацијата во Carcassonne, надзорниците на работите користат исклучиво ë-Jumpy Hydrogen за нивните секојдневни обврски. Нивната улога е повеќекратна, вклучува посети на терен, снабдување со голема и мала опрема, итни интервенции за поправка при истекување на вода. Оттука произлегува и неизбежната потреба возилото да биде достапно 24 часа дневно со доволна автономија без да има потреба да го полните во текот на денот. Тие возат на кратки релации (околу 100 km), но чести, во градот и во околината, со возило кое мора да биде брзо достапно. Возилото вообичаено е натоварени повеќе од половина од нивниот волумен, а товарот често надминува 200kg.
Технологијата на водород е претставена како комплементарна понуда на традиционалната електрична понуда, како одговор на другите видови употреба. Овозможува голема потребна разновидност при користењето благодарение на достапната автономија од 400 km и оптимално време на работа со брзо полнење, што овозможува возилото постојано да е во функција. За да се наполни во нивната станица од 350 бари, потребни се само 3 минути за половина полн резервоар (исто така 3 минути за полн резервоар во резервоар на станица од 700 бари). Батеријата од 10,5 kWh, што служи како резерва за 50 km кога резервоарите за водород се празни, се полни многу едноставно на стандарден приклучок од 220 V, ноќе, 3 до 5 пати неделно.
ГОЛЕМА СМИРЕНОСТ ПРИ УПОТРЕБА
Возилото нуди голем физички и ментален комфор благодарение на хибридната електрично-водородна технологија. Корисниците може смирено да ги извршуваат сите свои задачи, безгрижно во однос на опсегот на возење или способноста за товарење опрема.
Задоволството при возењето што го нуди ë-Jumpy Hydrogen, карактеристично за електричниот погон, претставува многу пријатно откритие за личност која го користи возилото и која никогаш не возела електрично возило: „За многу кратко време се прилагодувате на непреченото и тивко возење (без бучава од моторот или од надворешноста), што се покажува многу лесно и пријатно во сите ситуации“.
Целокупниот опсег на возење од 400 km нуди голема разновидност. Корисникот може да ги мултиплицира кратките патувања без да се грижи за полнење и да одговори на барањата на 44% од клиентите во сегментот на компактните ванови кои велат дека од време на време патуваат повеќе од 300 km. Водородната технологија нуди ново решение во областа на професионалната мобилност, дополнително на развојот на чисто електрични верзии. Водородната технологијата е помалку чувствителна кога станува збор за носење тежок товар, брзина на возење и временски услови, како ниски температури кои го намалуваат опсегот. Егзотермичениот систем дури и генерира топлина, подобрувајќи го топлинскиот комфор. Возен опсег што е помалку чувствителен на промени, подобрувајќи го планирањето на активностите.
Ë-Jumpy Hydrogen може да биде постојано оперативен благодарение на ултра-брзото полнење, возачите нема потреба да вклучат една или повеќе паузи за полнење или можеби возилото ќе им треба да биде достапно 24/7, за полнење на водородниот резервоар семпотребни само 3 минути. „Во однос на влечната сила, ë-Jumpy Hydrogen нуди добар опсег на возење и нема потешкотии при полнење на батеријата и резервоарите за водород“.
Товарниот капацитет е зачуван. Корисниот волумен на ë-Jumpy Hydrogen е ист како и верзијата со внатрешно согорување: 5,3 m3 за верзија M и 6,1 m3 за XL. Неговата носивост и влечниот товар може да достигне 1 тон кај двете верзии. Корисната ширина помеѓу лаковите на тркалата од 1,25 m овозможува да се товарат евро палети. „Ë-Jumpy Hydrogen има корисен простор колку и неговата верзија со внатрешно согорување, суштински параметар за нас, бидејќи редовно користиме повеќе од половина од волуменот на возилото. Покрај тоа, исто така го олеснува складирањето и ракувањето со опремата која ја превезуваме.»
ВАЖНОСТА НА ИЗБОРОТ НА CITROËN ЗА ТЕХНОЛОГИЈА „MID-POWER“
Оваа технологија на водород комбинира литиум-јонска батерија и горивна ќелија поврзана со резервоари за водород. Кога водородот и воздухот се доведуваат во контакт со катализатор, горивната ќелија генерира електрична енергија за напојување на електричниот мотор, а единствениот остаток што се ослободува е водена пареа. Во споредба со батеријата, горивната ќелија повеќе се смета за енергетски конвертор отколку за уред за складирање.
Ова хибридно решение беше избрано од Citroën по истражување направено во партнерство со Symbio, специјализиран за горивни ќелии и создаден од Michelin и Faurecia. Ë-Jumpy Hydrogen има корист од двете технологии, т.е. 10,5 kWh литиум-јонска батерија и горивни ќелии од 45kW, напојувани од три резервоари за водород од 700 бари, развиени од Faurecia и со корисна носивост за складирање од 4,4kg водород.
Водородот ја обезбедува енергијата потребна за поголем опсег, додека батеријата со среден капацитет ги комбинира моќноста и перформансите со обновување на енергија и капацитет на полнење. Ова решение нуди различни предности. Пред сè, компактност, бидејќи батеријата под седиштата и резервоарите под подот, немаат влијание врз волуменот на товарот. Овој систем, исто така, овозможува да не се прави компромис за перформансите, со доволно моќна горивна ќелија за да гарантира постојана брзина на автопат. Потоа, батеријата ја обезбедува потребната енергија за забрзување и други функции како што е дополнителната потреба од енергија за стартување и првите неколку километри. Хибридната технологија исто така овозможува зголемување на трајноста на погонскиот систем и го ограничува ризикот од „снемување енергија“, бидејќи батеријата обезбедува резервна енергија кога кога резервоарите со водород се празни.
ТЕХНОЛОГИЈА НА ИДНИНАТА
Разновидноста на различните водородни системи овозможува безброј апликации. Оваа технологија на иднината ќе игра суштинска улога во енергетската транзиција, особено во областа на мобилноста, преку одговор на одреден тип на употреба.
РЕШЕНИЕ ЗА МОБИЛНОСТ БЕЗ ЈАГЛЕРОД ЗА СПЕЦИФИЧНА ПРОФЕСИОНАЛНА УПОТРЕБА
Многу компании, како што е Групацијата SUEZ, што преземаат силна иницијатива кон намалување на отпечатокот во животната средина, ќе имаат стратешки интерес за употреба на водороден екосистем за подобрување на еколошките способности на својата флота. Многу други професионалци: општинските служби и локалните власти, транспортниот и логистичкиот сектор, експресните и специјалните курирски услуги или работни возила, како операторите на автопатите, што треба да прават пократки или подолги патувања во зависност од итните повици итн.
SUEZ ВО ИСЧЕКУВАЊЕ НА ЗЕЛЕН ВОДОРОД
Во контекст на енергетската транзиција, предизвик е да се развие обновливо производство на зелен водород со електролиза на вода, користејќи електричната енергија од ветер или сончева енергија или биогас што настанува со распаѓање на отпад од домаќинствата. На пример, SUEZ, во соработка со SIPERREC, развива проект со цел да се создаде првата зелена станица за производство и дистрибуција на водород (електрична енергија произведена од согорување на отпад од домаќинствата претворен во водород со процес на електролиза на вода) во Energy Recovery Unit во Créteil, Франција, што треба да биде оперативна до крајот на 2022 година. Оваа станица евентуално треба да дистрибуира до 1 тон водород дневно, со што ќе се избегне емисија на најмалку 1.300 тони CO2 секоја година.