August 15, 2022

ПРИСТИГНА НОВИОТ CITROËN C5 X

ОТКРИЈТЕ ГО ВО САЛОНОТ НА АВТОНОВА НАЈНАПРЕДНОТО ТОЛКУВАЊЕ НА ФИЛОЗОФИЈАТА НА CITROËN: ОДВАЖНОСТ И ИНОВАЦИЈА ЗА СПОКОЈНИ ПАТУВАЊА

  • Откријте го новиот Citroën C5 X во салонот на Автонова. Вистинска покана за патување ова лето, почувствувајте го спокојот.
  • Стилот на C5 X е дословно олицетворение на филозофијата на Citroën. C5 X е уникатна фузија од елеганција на седан изведба, динамичност на караван и подигнат став на
  • C5 X нуди вистинска смиреност во патничката кабина благодарение на ултимативниот комфор обезбеден со програмата Citroën Advanced Comfort®, со патнички дел достоен за дневна соба, вклучувајќи комплетно ново активно потпирање Citroën Advanced Comfort® и седишта Advanced Comfort.
  • C5 X вклучува модерна технологија за да го поедностави секојдневието во кабината, со проширен Head up Display, системи за помош во возењето кои воведуваат полу-автономно возење и комплетно нов комуникациски интерфејс на 12″ HD екран на допир со гласовно препознавање.

2

Авангардата во традиционалниот D сегмент, новиот Citroën C5 X пристигна во Македонија, откријте го во салонот на Автонова и во двете верзии – бензинска и plug-in hybrid.

Со претставувањето на новиот предводник на гамата, C5 X, се вдахнува нов живот во сегментот на големи автомобили со оригинален дизајн кој комбинира седан со караван (1.1865 mm должина, 1.485 mm висина и 2.785 mm меѓуоскино растојание). Toa е иновативен предлог во најчистата традиција на големите автомобили на Citroën. Издигнатиот став пак, благодарение на зголеменото растојание од подлогата, во споредба со традиционален седан и тркалата со голем дијаметар од 720 mm, овозможува повисока позиција при возење, за поголема безбедност и видливост, што многу се цени од љубителите на SUV. Овој нов модел, достапен во бензинска и plug-in hybrid изведба, ја изразува модерноста, статусот и иновацијата, а сето тоа како одговор на високите очекувања на клиентите од сегментите SUV и големи автомобили.

3

„Со иновативниот стил во спрега со елеганцијата на седан изведба, динамичноста на караван и робустност на SUV, C5 X ја олицетворува одважноста на стилот на Citroën. Неговата уникатна морфологија, аеродинамични линии и модерен светлосен потпис го прават вистински Citroën, веднаш препознатлив на патот.” Pierre Leclercq, Citroën Design Director

4

C5 X пробива нов терен со претставувањето на активното потпирање Citroën Advanced Comfort® на ниво на Светска премиера, кое дополниетелно го нагласува впечатокот за патување на волшебен килим, чувство тесно поврзано со историјата на Citroën. Вистинска покана за патување, со внатрешност налик на дневна соба, нудејќи го препознатливиот комфор на седиштата Advanced Comfort и неспоредливата просторност, особено во вториот ред. Багажникот, со капацитет од 545 l и до 1.640 l кога задните седишта се преклопени, како и прецизна изработка, идеално одговара на потребите на љубителите на возила караван.

5

Верзијата plug-in hybrid, спрега на ë-комфор со возење во електричен режим на дневно ниво, го нагласува чувството на спокој во патничката кабина. Испорачувајќи 225 КС, хибридната верзија нуди задоволство со тивко стартување и работа со нула емисии на CO2, повеќе од 50 km во електричен режим, автономија соодветна на повеќето патувања на дневна основа, со брзина и до 135 km/h. Можно е да поминете цела седмица без да го употребите моторот со внатрешно согорување при вообичаените кратки рути, полнејќи го автомобилот дома, на работа или на јавна станица за полнење. Во исто време кога патувате надвор од градот, на викенд или одмор без грижи околу полнење, моторот со внатрешно согорување, кој е економичен и ефикасен, ја презема улогата. Бензинската изведба, доаѓа со мотори PureTech 130 и 180 КС.

6

Чувството на благосостојба во патничката кабина, исто така, е зголемено преку напредните технологии што ја поедноставуваат употребата на автомобилот. На пример, проширениот Head Up Display, како и цела низа функции за помош во возењето што го намалуваат менталното оптоварување на возачот, како Highway Driver Assist, или новиот интерфејс за информации и забава со централен  12″ HD екран на допир, гласовно препознавање и прилагодлив дисплеј со додатоци, исто како кај таблет.

7

„Со C5 X, Citroën создаде абициозно, големо возило, вистинска алатка за освојување на клиентите кои се сѐ повеќе склони да го истражуваат светот. Смел и оригинален предлог, вистинско олицетворение на сета експертиза на Citroën: иновација, грижа и над сѐ благосостојба, што овде ги издигнуваме како одредена форма на уметност на живеење.“ Vincent Cobée, Citroën CEO

8

C5 X предизвикува изненадување и возбуда на прв поглед, посетете нѐ и уверете се во уникатноста на концептот на овој возбудлив, врвен модел од Citroën, инспириран од неговото име, од концептот CXperience.

Вистинска покана за патување ова лето, почувствувајте го спокојот.

9