February 20, 2015

Citroën C4 Cactus – Презентација и пробно возење

Citroën Македонија ве поканува на презентација и пробно возење на новиот Citroën C4 Cactus, во City Mall во Скопје од 17-ти февруари до 2-ри март. Од понеделник до петок од 16 до 20 часот и за време на викенд од 12 до 16 часот.

Новиот Citroën C4 Cactus е автомобил кој ги одговара прашањата на денешницата комбинирајќи иновативен дизајн и корисни технологии.

> Airbump®, иновација потпишана од CITROËN. Благодарание на Airbump®, кои се направени од микрокапсули исполнети со воздух и покриени со мека мембрана, новиот Citroën C4 Cactus ве штити од ситните штети кои се случуваат секојдневно. Стилски уникатни, тие го нагласуваат смелиот карактер на новиот Citroën C4 Cactus и ги зголемуваат можностите за персонализација со четирите различни бои кои се комбинираат со боите на каросеријата.

> Со 7” таблет осетлив на допир, новиот Citroën C4 Cactus нуди интуитивно, ергономично и едноставно управување со сите функции на автомобилот. Со еден допир го контролирате клима-уредот и ги прегледувате медиумските содржини. Новиот Citroën C4 Cactus одново ги открива патувањата поедноставувајќи го вашето секојдневие.

> Креирани во стил на софа, големите предни седишта нудат удобност, чувство на заедништво и просторност во предниот дел. Благодарение на EasyPush технологијата традиционалната рачка на менувачот е заменета од 3 копчиња за поедноставно возачкото доживување. Новиот Citroën C4 Cactus ви овозможува поголема благосостојба и удобност.

> Воздушното перниче на совозачот вградено во плафонот (Технологија Airbag In Roof), светски ексклузивитет кој им гарантира на патниците напред поголем простор и зафатнина.

> Термички заштитениот панорамски сончев покрив овозможува внатрешноста на автомобилот да се исполни со светлина. Иновативната обработка овозможува акустична и термичка изолација која има голема способност за филтрирање на UV зраците и нуди трајна заштита на патниците. Новиот Citroën C4 Cactus ве кани да уживате во релкасирано патување исполнето со светлина.