March 5, 2019

Светска премиера на SPACETOURER THE CITROËNIST CONCEPT

На светскиот автомобилски саем во Женева 2019, Citroën ќе се претстави со SpaceTourer The Citroënist Concept, модерно комбе кое со својот карактер инспирирано од желбата за слобода и споделување овозможува динамичен простор за живеење и работење, но истовремено и поврзаност со светот .

Во чест на обожавателите,секогаш лојални на брендот, името на возилото е надополнето со сите важни карактеристики кои ветуваат незаборавни и удобни патувања.
“Rider The Citroenist by Martone” – концепт развиен со партнерство со познатата марка од велосипедизмот Мартоне и инкорпорирање на стилски кодекс. Овој велосипед ќе биде достапен на www.lifestyle.citroen.com заедно со останатите производи “The Citroënist”.

Врз основа на SpaceTourer, овој сосема нов концепт на автомобил нуди специјална конфигурација промовирана преку Pössl (компанијата одговорна за маркетинг на Campster). Тоа им овозможува на две лица да преноќат во патничкиот простор, да сместат велосипед, а притоа да останат поврзани со своето работно место.

Со остварена продажба за 2018 од 71 % во Европа, SpaceTourer The Citroënist Concept успеа да ја зајакне својата позиција на второто место и да биде пример за динамичниот пристап на Citroën на автомобилскиот пазар.