Комерцијални гаранции

КОМЕРЦИЈАЛНА ГАРАНЦИЈА НА ГРЕШКИ ВО ПРОИЗВОДСТВО:

AUTOMOBILES CITROËN гарантира дека возилото нема било какви грешки во производството во период од 2 (две) години без ограничување на километражата, освен ако не постојат посебни одредби кои клиентот ги примил на знаење, почнувајќи од датумот на испораката на возилото.
Тој датум е наведен во “Гарантниот лист” во “Сервисната и гарантна книшка” која е предадена и испорачана со возилото.
Комерцијалната гаранција на грешки во производство покрива:
Освен ограничувањата наведени во документот за Комерцијална гаранција како и во “Сервисната и гарантна книшка”, Комерцијалната гаранција покрива бесплатна поправка или замена на делови за кои што Automobiles CITROËN или негов претставник ќе утврди дека се неисправни, како и работата потребна за поправка на возилото. Оваа поправка ќе се изврши со нови оригинални или репарирани делови (поправени делови кои ги задоволуваат истите спецификации како и оригиналните делови).
Исто така, ако Вашето возило е неподвижно поради дефект покриен со гаранцијата, Automobiles CITROËN или негов претставник ќе ги покрие сите трошоци за поправка на возилото на лице место или за транспорт (влечна служба) на возилото до најблискиот овластен сервис на Automobiles CITROËN.

КОМЕРЦИЈАЛНА ГАРАНЦИЈА НА БОЈА:

Automobiles CITROËN гарантира дека возилото нема грешки на оригиналната боја и лакот на каросеријата за километри и времетраење од Комерцијалната гаранција за грешки во производството.

КОМЕРЦИЈАЛНА ГАРАНЦИЈА ПРОТИВ ПЕРФОРАЦИЈА:

Automobiles CITROËN гарантира дека возилото нема перфорација (корозија која доаѓа од внатрешната кон надворешната страна на каросеријата) од датумот на испораката наведен во гарантниот лист во Сервисната и гарантна книшка, во времетраење од:

– 12 години за патничко (неелектрично) возило.
– 5 години за комерцијално возило.

 

Подетални информации врска комерцијалните гаранции прочитајте на следниот линк.