Договори за услуги Citroën – Продолжена гаранција

ЗА ЦЕЛОСНА СМИРЕНОСТ ВО СЕКОЈДНЕВИЕТО

Дали ви е важно да ги контролирате трошоците за вашиот автомобил и да ја одржите неговата вредност за понатамошна препродажба?
За комплетна смиреност и сигурност во секојдневието продолжете ја гаранцијата за вашиот автомобил. Одлучете се за договор за продолжена гаранција за да го одржите вашето возило функционално и безбедно. Услугата Citroën Assistance е вклучена во договорот.

CL 21.009.055_EXTENDED WARRANTY,

ДОГОВОР ЗА ПРОДОЛЖЕНА ГАРАНЦИЈА
СПОРЕД ВАШИТЕ ОЧЕКУВАЊА

Со договорот за продолжена гаранција добивате бесплатна поправка или замена на неисправни делови и по истекот на двогодишниот рок на комерцијалната ( фабричката) гаранција на вашето возило. Воедно имате на располагање и Citroën Assistance со помош на пат и можност за транспорт на возилото 24/7 во повеќе од 40 земји.

Времетраење на договорот (од почетокот на комерцијалната гаранција): 36 до 60 месеци
Максимална километража: 200.000 км
Може да се склучи најдоцна до: 22 месеци од почетокот на комерцијалната ( фабричката) гаранција

ПОПРАВКИ НА ДЕФЕКТИ
Замена или поправка на неисправни механички, електрични/електронски делови кои го спречуваат нормалното функционирање на возилото, по истекот на рокот на двoгодишната комерцијална ( фабричка) гаранција на возилото. Вклучено

CITROËN ASSISTANCE И ПОМОШ НА ПАТ
Поправка или транспорт на возилото 24 часа на ден, 7 дена во неделата, во повеќе од 40 земји, во случај на механички, електричен/електронски дефект и неможност за понатамошно управување на возилото. Вклучува и згрижување на возачот и патниците со изнаоѓање на најсоодветно решение за мобилност, заменско возило или сместување во хотел. Вклучено

CL 22.004.023_SERVICE PLANS

 

ЕДНОСТАВНО СКЛУЧУВАЊЕ

Склучувањето на договор за услуги никогаш не било толку едноставно:
– можете да го случите веднаш штом ќе го нарачате вашето возило,
– во рок од 22 месеци од датумот на испорака на возилото, за продолжување на гаранцијата

 CL 22.004.026_PACKAGES

ЧПП ДОГОВОРИ ЗА УСЛУГИ И ПРОДОЛЖЕНA ГАРАНЦИJA

СÈ УШТЕ НЕМАМ СКЛУЧЕНО ДОГОВОР ЗА ПРОДОЛЖЕНА ГАРАНЦИЈА. ШТО Е ПОТРЕБНО?
Доколку сте заинтересирани за продолжување на гаранцијата, ова може да го побарате во период до 22 месеци од набавката на вашето возило.

ШТО СЕ СЛУЧУВА ДОКОЛКУ ГО НАДМИНАМ БРОЈОТ НА ИЗМИНАТИ КМ ИЛИ ВРЕМЕТРАЕЊЕТО ЗА КОИ СУМ СЕ ПРЕТПЛАТИЛ?
Вашиот договор за продолжена гаранција завршува штом ќе се достигне еден од условите во претплатата – времетраење или километража.
Сепак, можно е да се продолжи времетраењето и/или километражата пред истекот на договорот.

А ДОКОЛКУ МОЕТО ВОЗИЛО Е УКРАДЕНО ИЛИ ВО НЕЗГОДА Е ТОТАЛНО ОШТЕТЕНО?
Во овој случај, вашиот договор ќе заврши на датумот на кражба или незгода која го направила вашиот автомобил трајно неупотреблив.
Во ваков случај имате право на поврат на уплатениот износ за договорот, пропорционално со датата на кражба или незгода.

А ШТО ДОКОЛКУ ГО ПРЕПРОДАВАМ ВОЗИЛОТО?
Договорот за услуги се пренесува на новиот купувачот на вашето возило. Можете да го зголемите времетраењето и/или километражата на вашиот договор пред неговото истекување, во рамки на максималните можности (времетраење / km).