December 16, 2021

ПОДГОТВЕН ЗА АВАНТУРА, CITROËN MY AMI BUGGY CONCEPT ЈА ОЛИЦЕТВОРУВА ВИЗИЈАТА ЗА РЕКРЕАЦИЈА НА AMI

  • Citroën My Ami Buggy Concept ја изразува визијата на Ami посветена на рекререација, овозможувајќи им на клиентите искуство на забавни екскурзии при патување во целосно електрично мобилно возило во авантуристички стил.
  • My Ami Buggy Concept има бројни стилки атрибути за да ја истакне храбрата и авантуристичка личност, што во исто време е робустна и подвижна, интегрирајќи многу додатоци и графички елементи во патничкиот простор без врати.
  • Oвој концепт, го изразува стилот на Citroën без заддршка, црпејќи ја инспирацијата надвор од авомобилскиот свет, како што се игри со градење со коцки, индустриски дизајн и мода. My Ami Buggy Concept може да се пофали со нескротлив стил, но останува целосно закотвен во реалниот живот, воедно забавен и функционален, естетски и ергономски, практичен и еколошки, промовирајќи ја рекреативната микромобилност.
  • My Ami Buggy е добро осмислено концептуално возило, кое секое дете од 14 до 77 години би сакало да го има на својата листа за подароци од Дедо Мраз.

Citroën My Ami Buggy Concept е приказ на ослободена и поинаква илустрација на предмет, дизајниран за уживање во времето за рекреација на нов начин – пионер со екстровертен, колоритен и мускулест стил, што сепак се труди да остане многу едноставен и функционален. Тимовите на Citroën го замислија овој целосно ослободен Ami, наменет за сите оние што се во потрага по електрично возило, едноставно за употреба, со силна личност и неверојатен карактер.

Citroën My Ami Buggy Concept е покана за сите оние вљубеници во независноста кои ќе можат, да се замислат како авантуристи на патиштата или патеките на плажите за време на патување. My Ami Buggy Concept нуди рекреативно возило за викенди, одмори покрај море или во рурален амбиент, што ќе ги освои корисниците со својата практичност. Модел со режим за електрична тракција, што ќе му овозможи да се движи бесшумно и без издувни гасови, нудејќи задоволство од електричното возење нагласено со отсуството на врати, за да патува комплетно претопен во околината и облеан со светлина благодарение на панорамскиот покрив.

«My Ami Buggy Concept е предлог во согласност со филозофијата на Ami, што не е возило. Затоа баравме инспирација во светот на игри за градење со коцки за забавната и функционалната страна, во индустрискиот дизајн за ергономија и естетика, вклучувајќи секојдневни предмети (мебел, осветлување итн.) како и модни додатоци  (патики, спортски производи, очила, итн.). Така, едноставните, издадени облици на  држачите за фотоапарати и паметни телефони на пример, беа инспирирани од работата на дизајнерите што креираа основни и безвременски предмети во втората половина од минатиот век. My Ami Buggy Concept мораше да биде функционален и едноставен, во најчистиот дух на култните и современи индустриски предмети. »

Samuel Pericles, Дизајнер на My Ami Buggy

ДИЗАЈН: AMI ВО УЛОГА НА АВАНТУРИСТ

ЗАМИСЛЕН РОБУСТЕН НАДВОРЕШЕН СТИЛ

Цврсто поставен на своите големи изабени тркала, My Ami Buggy има одлучен авантуристички карактер, нагласен напред и назад со шипки, капаците за мотор и решетките кај предните светла, со браници и предница каде централно се поставени шевроните.  На страните, профилот е зајакнат проширени крила и заштита на долниот дел на вратите. На покривот, решетката за багаж и резервното тркало го нагласуваат авантуристичкиот дух на концептот. Сите овие декоративни елементи доаѓаат во една иста импрегнирана црна нијанса.

fa187c25f5367570e88f750c09fb0417e8c1e9c7

LED светлосната лента, поставена на предниот дел на покривот, додава авантуристички допир за  соочување со ноќта или маглата. Кога ќе се стационирате, се добива впечаток на атмосфера на „логорски оган“ создадена со дифузната светлината од оваа лента и звукот од номадскиот звучник.

Вратите се комплетно извадени и се заменнети со проѕирно водоорно платно што може да се повлечат при лоши временски услови, налик на Мехари. Тие се прицврстени со  патенти за затворање на патничкиот дел со висок отвор кој потсетува на стаклени врати во конвенционалните возила. Овие практични заштитни завеси може да се отстранат, соберат и да се складираат зад седиштата во посебен дел наменет за нив.

Над ветробранското стакло е поставена заштита за покривот, која излегува од покривот и овозможува заштита при временски непогоди. Во летниот период обезбедува сенка штитејќи од зраците на пладневното сонце.

Големите пневматици за кал и нивните мат златни тркала обезбедуваат добро држење и зголемена стабилност на сите подлоги.

Иако станува збор за слободен израз, дизајнерите се погрижија за реалистичен и ефикасен концепт. Дотерувањето на одредени елементи беше вистински предизвик за техничарите кои понекогаш мораа да ги прицврстат директно на цевчестата шасија за да можат безбедно да се држат. Ова особено важи за решетките и резервното тркало поставено на покривот.

СМИРЕНОСТ ПРЕНЕСЕНА СО БОИ И МАТЕРИЈАЛИ

My Ami Buggy Concept има вкупно три бои: црна, кафеава и жолта. Црната боја, инспирирана од опремата за кампување, ја зајакнува функционалната и робустна природа на возилото. Различните нијанси црна – Црна Anodized на лаците на тркалата и покривот, црна со текстура наречена Speckled Black со ефект на задниот дел – совршено се вклопуваат со нијансите на Кафена Anodized и Жолта Лимон, пренесувајќи целосно авантуристички изглед, засилен со прецизни детали.

My Ami Buggy Concept има двобојна надворешност, со многу атрактивен и динамичен дизај: Кафена Anodized напред и Speckled Black назад, игра на симетрија чија цел е јасна разлика помеѓу предниот и задниот дел на возилото.

Кафеава Anodized нијанса алудира на природата, додека црната, синоним за сила и модерност, ја собира светлината и ги драматизира поврзаните бои. Изборот на црната боја e поттикнат и од желбата да се користи потемна нијанса што ќе ја скрие нечистотојата.

Бројни клучни елементи на My Ami Buggy Concept се нагласени со повремена употреба на лимон-жолта боја, како седиштата, кабелот за полнење, графичката подлога на вратите, целиот багажен простор и голем број додатоци. Оваа остра боја, исто така, укажува дека вака истакнатите предмети служат на  функционалноста.

ВНИМАНИЕ КОН ДЕТАЛИТЕ

За да се продлабочи персонализацијата, дополнителни технички детали го оживуваат возилото.

Се повторуваат ленти и налепници што ја одржуваат темата на шевроните, силно обележје на стилот на Citroën, со исти графички израз на различни надворешни и внатрешни елементи за да се создаде ритам и за да се долови решетката од Traction, централната конзола на концептниот автомобил 19_19,  долниот преден дел на Ami One Concept и дизајнот на деловите за складирање кај Ami. Кај My Ami Buggy Concept, видливи се однадвор на капаците на тркалата, предните плочи, кровниот капак, страничните браници, држачите на светлосната лента, на дното на браниците и на задниот дел на крилниот ретровизор; како и внатре на држачите за додатоци, на деловите за складирање и на контролната табла.

Зборот „Пилот“ се појавува на покривот од страната на возачот и зборот „Копилот“ на совозачката страна, а во истиот знак за автомобилски трки, бројот 01 е напишан на возачкото седиште и 02 на совозачкото седиште за да означи локацијата на секој од нив.

Налепници во жолта боја во форма на стрелка под спојлерот го покажуваат правецот на ветрот, а тоа е воедно и знак за авијација. Сличен тип на декорација се наоѓа и кај лаковите на тркалата.

Знакот „+“ се појавува во ретровизорот на возачот, што се однесува на електричниот мотор и столбовите на батеријата, како и на паркинг местата резервирани за електрични возила.

ПРАКТИЧНО : ФУНКЦИОНАЛНОСТ И ЕРГОНОМИЈА

ФУНКЦИОНАЛНА И ПОКОМФОРНА ВНАТРЕШНОСТ СПАКУВАНА СО СТИЛ

Три области се предмет на прецизна работа во дизајнот на ентериерот на My Ami Buggy Concept: седиштата, складирањето и багажниот простор.

Мy Ami Buggy Concept доаѓа заедно со  нови перничиња за седишта Advanced Comfort®, чија густина на сунѓер оди од 35 mm кај Ami до 70 mm. Со додавање на мемори пена, седиштата се полесни и помеки. Може едноставно да се извадат од школката, да се заменат или исперат. Нивната изработка, која се состои од склопување на две школки, една во друга – инспирирана од дизајнот на пловка, со што се воспоставува врска со светот на додатоците за плажа.

Просторот за складирање е изведен паметно и може да се пренесува. Секое место има своја функција во склоп на внатрешниот простор, но може да се изнесе надвор на пикник или излет.

f8a46184dd0b95f51fc3670ee517c14578b7f652

Корпите за складирање на контролната табла, додатоци што се веќе достапни кај My Ami, се специјално редизајнирани за My Ami Buggy Concept. Над корпите е фиксирана метален сталак за складирање во мат златна боја за да се спречи поместување на предметите.

Осмислена е специфична линија на багаж, каде секој предмет совршено се вклопува во внатрешноста на возилото. Торба се прицврстува со магнет во средината на воланот, специјално издлабен за да се смести, а може да се носи и на ремен со помош на врвка. Морнарска торба со капак го наоѓа своето место под контролната табла во просторот за складирање каде е кабинскиот куфер во Ами. Се прицврстува во основата со цефчеста структура за да се спречи превртување.

Исто така, има вградено простор за складирање и вратите на висина на седиштата. Можно е да се сместат сите видови на предмети или голема чанта што може да се откачи, со големина за да се вклопи и да се отвораодвнатре. Може да служи како фиока за складирање. Интересно копче се користи за отклучување на вратите, кои се отвораат од задната страна како кај Ami.

Кабелот за полнење е вграден во држачот во рамката на совозачката врата во облик на рачка за да се олесни држењето на предмети.

АТРАКТИВНИ И ФУНКЦИОНАЛНИ ДОДАТОЦИ СО НЕВИДЕН ДИЗАЈН

Дополнителната опрема за My Ami Buggy Concept се повеќе од вежба за стил. Тие мораа да имаат вистинска функција. Дизајнерите се ставија во улогата на љубителите на сите видови хоби, за да замислат функционални предмети, за излетите со My Ami Buggy Concept бидат забавни и практични.

Дизајнот на внатрешноста имаше за цел да биде едукативна, за да се поедностави движењето во кабината, а ракувањето со предметите да биде многу интуитивно. Така, тркалцето за затегнување, што  се користи за држење предмети или за прилагодување, се користи постојано, обезбедувајќи доследност. Неговиот дизајн инстинктивно сугерира како функционира. Бидејќи механизмите за прицврстување на многу додатоци се дизајнирани на ист начин, тие се попречни и може да се одвојат и реместат на различни места во патничкиот простор, како во игра со склопување.

01997d1af0b32fe4d89abb81416c6a3cae9df834

Ова е случај, на пример, со држачот за прицврстување на камера, задолжителни за овековечување и моментално споделување на најважните моменти од патувањето или пејзажите низ кои поминуваме… Опремен со универзална завртка за сместување на сите видови уреди, може да се тргне со помош на прекинувач за отпуштање на вграденото во делот, со што се овозможува поставување на четирите точки за прицврстување поставени на вертикалните рамки на возачките и совозачките врати.

Надворешните ретровизори, прилагодливи со помош на топчест зглоб интегриран во точките за прицврстување, се вклопуваат во своето место во носачите на вратите. Тие се исто така отстранливи.

Држачот за чаши или шишиња може да се најде или на контролната табла или на местото што го заменува држачот за чанта My Ami.

Држачот за паметен телефон развиен за My Ami, што се наоѓа десно од возачката позиција, кај My Ami Buggy Concept станува дизајнерска цилиндрична потпора со тркало за затегнување на десната страна што го држи телефонот на место. На цевката може да се изгравира името и презимето на сопственикот, нешто што некои ќе го ценат.

Дизајниран е нов конусен потпирач за да го држи номадскиот звучник во заоблено вдлабнување поставено на контролната табла зад воланот.
Со 3D печатење чекорот од идеја до реалност е краток. Секој од овие додатоци е дизајниран од нула, а бидејќи се 3D печатени, може да се репродуцираат по по желба.

My Ami Buggy Concept е пред сè покана за забава и задоволување на жедта за слобода, разонода и нонконформизам. Студија за стил што би сакале да ја ставиме на нашата листа за Дедо Мраз, My Ami Buggy Concept илустрира едно од многуте лица што може да се развијат за Ami, атипичното возило развиено од страна на  Citroën, подготвен да истражување нови хоризонти.