Подесете ја датата на Вашиот GPS систем
Корегирање на неправилностите поврзани со ,,WEEK NUMBER ROLL OVER"

На 6ти април 2019 година ресетирање на бројачот на GPS сателитскиот приемник кој се користи за управување со системот за навигација, наречен "Week Number Roll Over", може да доведе до појава на мали проблеми и неправилности за кои не треба да постои загриженост бидејќи истите ќе може едноставно да се корегираат.
Анализите направени од страна на нашите експерти покажаа дека единствено само навигациските системи “My Way – Wip Nav” произведени во периодот помеѓу 2007 и 2015 година може да бидат погодени со оваа појава. Нема да дојде до поголема неправилност при работењето. Само прикажаната година ќе биде погрешна: наместо 2019 година ќе се прикаже 2099.
Оваа грешка лесно може да ја исправите :
– Рачно ажурирајте го датумот во вашиот систем за навигација
(SET-UP / DATE & TIME SETTING)
– Исклучете ја автоматската GPS синхронизација на времето.