ПОДАРОК ОД CITROËN ЗА НОВА ГОДИНА: НОВАТА ВЕРЗИЈА „My Ami Buggy” ЌЕ БИДЕ ПРЕТСТАВЕНА ВО 2023

- Како одговор на успехот од првата верзија, ново лимитирано издание на „My Ami Buggy” ќе се најде во продажба кон крајот на првото тримесечје од 2023 во неколку земји каде Ami веќе се наоѓа на пазарот.
- Интернационалната застапеност на „My Ami Buggy” е доказ за тоа колку е успешен моделот на Благодарение на концептот кој ја поткрепи и неговата достапност, ова електрично возило направи револуција кога станува збор за локална мобилност: 30,000 примероци веќе се продадени во девет земји од неговото лансирање на крајот на 2020 година.
- Комерцијалното издание на Ami продолжува – се очекува да биде пуштено во продажба во 2023 година во Швајцарија и Малта, како и во прекуокеански департмани на Франција. Претходната листа не е конечна, бидејќи другите земји ќе им се приклучат.
- Минатиот октомври беа направени мали измени во делот на батеријата кај Ami, со цел да работи поефикасно при ладни временски услови. Ова го подобри искуството на клиентите и отвори нови видици за други дестинации.
Poissy, Франција, 22 декември 2022 – Нова серија од 1,000 примероци „My Ami Buggy” ќе се најде на продажба на крајот од првото тримесечје на 2023 година, што претставува добра вест за сите оние кои ја пропуштија првата верзија во продажба: првите 50 примероци беа продадени во само 18 минути на 21 јуни.
Новата верзија „My Ami Buggy” ќе биде многу слична на првото издание, но, надополнета со неколку изненадувања, кои ќе бидат откриени пред почетокот на пролетта. Во целост исполнето со карактер, воедно стилизирано и робустно, ова издание ќе претставува покана за забава во урбаната џунгла и можност да се живее поинаку под отворено небо – особено покрај море. Мирис на крајбрежјето кој веќе ја означи историјата на стандардната верзија на Ami. На пример, одигра улога во испорачувањето на енергетската трансформација на островот Chalki покрај брегот на Грција: полицијата и крајбрежната стража претставуваат идеален пример за тоа со користење на Ami. Слично, седум возила Ami биле додадени во флотата на возила кои ги користеле полициските и пристанишните тимови на островот Maddalena во Италија за промовирање на чиста мобилност.
Возачите на Ami на возраст од 14 до 94 години, од тинејџери кои осознаваат како да бидат независни… па сè до возрасни граѓани кои наоѓаат лесно решение, безбеден и комфорен начин за движење. Со својот привлечен изглед, Ami го завзеде урбаниот, приградскиот, па дури и руралниот пејзаж. Поради својата практичност, овозможува да се излезе во пресрет на многу потреби, без разлика дали станува збор за неговата верзија со 2 седишта или комерцијалната верзија „My Аmi Cargo”.
Како пример, хотелот ,,Bladen” кој се наоѓа во Sappada, Италија, го избра Ami како понуда на своите клиенти на ново искуство за мобилност без бучава, фаворизирајќи го спокојот и почитувајќи ја околината, за возења во срцето на живописните Доломити. Во Франција, Општинскиот сојуз на Somme et South-West (CC2SO) интегрирал 13 возила Ami во својата флота кои се користат од страна на агентите задолжени за услуги за домашна нега. Во Белгија, AGO Jobs & HR, партнер за приврмени вработувања, го распоредува Ami како модерно и издржливо возило за промоција и како решение за зелена мобилност за работниците без возачка дозвола.
Прв дојден, прв услужен. Клиентите кои се заинтересирани за „My Ami Buggy” треба да бидат подготвени да ја искористат можноста првиот ден кога ќе биде пуштен во продажба на крајот од првото тримесечје од 2023 година. За да го направат ова, тие ќе треба да се регистрираат преку следниот линк: https://www.citroen.fr/ami#my_ami_buggy
Првите испораки се очекуваат на крајот од летото.
Подарокот под елката претставува можност за Citroën да ви посака среќни празници и радост во Новата 2023 година полна со изненадувања.