December 18, 2018

НОВОТО CITROËN BERLINGO ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА AUTOBEST 2019

Помеѓу 6 -те финалисти за оваа престижна награда, новото Citroën Berlingo е добитник на наградата на Autobest « Best Buy Car of Europe » 2019 .
Оваа награда се доделува за најнарачуваното возило за 2019, а жирито беше воодушено од третата генерација на креаторот на повеќенаменски возила, идеален партнер за сите семејства и за нивните активности.
Новото Berlingo е истакнува со својот модерн дизајн карактеристичен за идентитетот на марката Citroën. Гарантира повеќе комфор, и практичност со околу 20 технолошки уреди за помош во возењето.

Откако Линда Џексон, Генералниот директор на Citroën, беше избрана за најдобар менаџер MANBEST (MANager BEST) за 2018, жирито на автомобилскиот магазин Autobest ги објави и резултатите за најдобар избор за возило за 2019 : Новото Citroën Berlingo беше номинирано во категорија « Best Buy Car of Europe », рамо до рамо со Peugeot Rifter и Opel Combo Life.

Од 2001, секоја година Autobest доделува награда за возило кое ќе добие најголем број на гласови. Жирито е составено од 31 специјализирани новинари, од 31 европски држави, а возилата се оценуваат врз база на 13 критериуми, меѓу кои односот квалитет-цена, дизајнот, комфорот и технологии како и квалитетни услуги, расположивост на резервни делови во рамки на дистрибутивната мрежа.

За првпат во историјата на Autobest, наградата за « Best Buy Car of Europe » е доделена на ист производител две години последователно. Минатата година беше избран Citroën C3 Aircross Compact SUV , додека годинава новото Citroën Berlingo се истакна над своите конкуренти и ја однесе оваа награда на 18-тото издание од доделувањето на оваа престижна награда, и тоа благодарение на неговиот модерен дизајн, технологиите со кои располага и изборот на мотори од најнова генерација, со што донесува нов бран на свежина во сегментот на повеќенаменските возила. Оваа нова генерација е инспирирана од очекувањата на клиентите и претставува идеална илустрација на новиот потпис « Inspired by you ». Возило со повеќе намени, новото Citroën Berlingo е одличен избор за сите семејства кои во ова возило го пронаоѓаат својот идеален партнер за своите активности.

Ова признание е доделено на патничката верзија на новото Berlingo и се надоврзува на престижната награда за « International Van Of The Year 2019 » за неговата комерцијална верзија (Ново Citroën Berlingo Van), минатиот септември во рамки на Саемот во Хановер. Оваа седмица е добитник на уште една награда : Трофејот на Аргус ( Argus) 2019 « Комерцијално возило на годината », со што уште еднаш се потврдува неговата клучна улога во динамиката на комерцијалните возила на Citroën во Европа.

Best-seller во околу 17 држави во 2017, Berlingo останува втор најпродаван модел на Citroën веднаш зад C3. Во тотал, од неговите почетоци во 1996, произведени се повеќе од 3,3 милиони примероци. Од неговото лансирање во септември 2018, овој нов модел забележа повеќе од 13 000 нарачки и ќе му загарантира на Citroën продолжување на комерцијалната динамика. Со над 690 000 регистрацииво Европа до крајот на октомври ( рекорд во последните 7 години), Citroën забележа пораст од 6% Во Европа, три пати поголем од пазарот во Европа.