October 1, 2018

НОВО CITROËN BERLINGO VAN ЈА ДОБИ НАГРАДАТА ЗА « INTERNATIONAL VAN OF THE YEAR 2019 » !

Сосема заслужена награда за новото Citroën Berlingo Van кое на Саемот за комерцијални возила во Хановер ја доби престижната награда : « International Van Of The Year 2019 ».

Новото Citroën Berlingo Van Вторпат е добитник на оваа награда, првиот пат беше во 1997 и оттогаш се продадени повеќе од 1,5 милиони примероци. Оваа трета генерација на Berlingo ја заслужи оваа награда благодарение на комфорот и технологиите кои бескопромисно влијаат на неговата функционалност. Следбеник на долгогодишната историја и искуство на Citroën во сегментот на Ван возила, листа составена од легендарните 2 CV Van, Acadiane или пак C15. Достоен на потписот на марката за комерцијални возила Citroën « Inspired by Pro », новото Berlingo Van се прилагодува целосно на потребите на сите професионални клиенти како и на нивните потреби. Се истакнува со својот оригинален изглед на двете верзии (M и XL) како во смисла на неговата генијалност во делот на удобноста и безбедноста со не помалку од 20 технологии за помош во возењето и 4 технологии на поврзување. Победникот на овој престижен избор, новото Berlingo Van веќе можете да го нарачате а истото ќе пристигне во вашите продажни центри во последното тримесечје од 2018.