НОВО CITROËN BERLINGO : МОДЕРНО И ГЕНИЈАЛНО
Премиерно на Саемот во Женева 2015

Креатор на сегментот ludospaces, CITROËN Berlingo отсекогаш умеел да даде модерен и практичен одговор на очекувањата на клиентите. Остварените 2,9 милиони продажби од 1996 сведочат за овој успех. Високо ниво на карактерност, CITROËN Berlingo е просторно возило, повеќенаменско и функционално. Идеален партнер во сите ситуации, како во неговата патничка верзија Multispace, така и во неговата комерцијална верзија.
Вистински репер во сегментот ludospace, редизајниран во повеќе наврати, CITROËN Berlingo непречено се модернизира и ги соединува дизајнот и функционалноста, комфорот и издржливоста, технологијата и едноставната употреба.
Премиерно ќе биде претставен на Саемот во Женева 2015, Новото CITROËN Berlingo ги задржува сите адути на модуларност, зафатнина, комфор, и опременост:
МОДЕРНО: изразен дизајн, нов афирмиран изглед на лицето напред без да покажува агресивност. Се состои од нов браник напред со дневни светла со LED и нова решетка на маската. Две нови бои на каросерија, Сива челик (Gris Acier) и Кафена Мока (Brun Moka), кои ја комплетираат гамата за зајакнување на карактерот на возилото.
- ВОЗИЛО НА КОЕ ВЕДНАШ СЕ НАВИКНУВАШ: удобност која произлегува од умешноста и знаењето на CITROËNкаде главна појдовна точка е комфорот на Berlingo: во патничката верзија Multispace, Modutop®, удобните седишта и потпирањето, независни седишта назад и подвижно задно стакло; а во комерцијална верзија, кабина Extenso® и три модуларни седишта напред. Адути му се исто така и новите ентериери, штофовите QUAD и LIBERIA, за персонализирање на амбиентот на Новиот CITROËN
- ГЕНИЈАЛНО ВОЗИЛО: интелигентна технологија во корист на примената со нов таблет осетлив на допир од 7’’. Групирање на функциите за медиум и навигацијата, или пак функцијата за преснимување од вашиот смартфон со помош на Mirror Screen, за да бидете конектиран во секој момент. За релаксирано и едноставно возење, ново Berlingo ги поседува исто така и уредите за автоматско нагло сопирање, активна City сопирачка, како и камера за движење наназад и помош при паркирање напред. Во интелигентна технологија се вбројуваат и ефикасните мотори од најнова генерација со технологија BlueHDi кај Diesel, и мануелен шестостепен менувач за намалување на потрошуваачка и емисија на штетни гасови. Новото CITROËN Berlingo Multispace се карактеризира со потрошувачка од 4,1l/100 km и 109g CO2 со мотор BlueHDi 100 S&S BVM а комерцијалната верзија се истакнува со емисија на CO2 од 106g со мотор BlueHDi 100 S&S ETG6.
Новото CITROËN Berlingo се прилагодува на сите потреби за да понуди секојдневие кое ќе биде полесно, погенијално и поудобно.