НОВИОТ DS 3 GIVENCHY LE MAKEUP : СРЕДБА НА ДВЕ СВЕТСКИ ПОЗНАТИ КОМПАНИИ

« Во мај, прави што ти е желба! » (Француска поговорка) DS Automobiles и GIVENCHY Le MakeUp ги соединија своите знаења и создадоа ексклузивен модел Новиот DS 3 – лимузина и кабрио.
Ова лимитирано издание осмислено да ги задоволи потребите на активните жени за кои автомобилот претставува место каде ја корегираат својата шминка пред да тргнат на патување. Со оригинални бои и ексклузивна опрема, Новиот DS 3 GIVENCHY Le MakeUp се испорачува за производи за лице на GIVENCHY и со специјално иновативно осветлување во внатрешноста. Ќе се произведе во 1 400 примероци и ќе биде комерцијализиран од јуни 2016 во Франција, а љубителите ќе можат за првпат да ја запознаат оваа креација од 10 мај до 7 јуни за време на изложбата DS WORLD PARIS, каде ќе бидат претставени и новите производи за разубавување од марката GIVENCHY.
Ексклузивен автомобил за специјални клиентки
Автомобил за жени кои се во потрага по себеизразување, е токму она што го нуди Новиот DS 3 GIVENCHY Le MakeUp: осмислен до најмали детали за да постане уникате модел.
Боја на каросерија во бисерно бела боја, наречена Бела Opalin. Покривот во целосен контраст со каросеријата во боја Whisper, која се среќава и на школките од ретровизорите и во средишниот дел од тркалата. Верзијата кабрио пак има носачи во Whisper со платнен покрив во црна боја. Логото GIVENCHY Le MakeUp изработено од алуминиум елегантно е поставено на рамките од вратите.
Ентериерот пак се истакнува со лајсна во розе боја на командната табла а во наслонот за рака се наоѓа посебен прстор за чување на шминките GIVENCHY Le MakeUp меѓу кои се истакнува маскарата Noir Couture, пудрата за лице Prisme Visage и карминот Le Rouge. Патосниците го комплетираат амбиентот со логото за лимитирано издание.