July 17, 2019

НОВИОТ CITROËN C5 AIRCROSS SUV: ВЕЌЕ ПРОДАДЕНИ 50,000 ВОЗИЛА

Шест месеци по неговото ланисрање новиот Citroën C5 Aircross SUV  веќе има над 50,000 продадени примероци што го прави трет најпродаван патнички автомобил од марката.

Како резултат на тоа, во првиот квартал од годината секое четврто купено возило од Citroën  e некое од SUV гамата, C3 Aircross SUV или C5 Aircross SUV.

Во Франција каде што и се произведува ( во Рен), во првиот квартал од годината, новиот Citroën C5 Aircross SUV е високо позициониран како втор најпродаван SUV во „C“сегментот.

Овој комерцијален успех придонесе за динамиката на продажба на Citroën кој оствари најголем раст помеѓу најпродаваните 12 автомобилски марки на европскиот пазар ( 30 земји) од самиот почеток на годината.

Со уникатен дизајн, удобност и модуларност но и опремен со 20 системи за помош при возењето, новиот Citroën C5 Aircross SUV ја потврдува својата моќ на привлекување и преку богатиот продажен микс, особено што секој втор испорачан C5 Aircross SUV е со највисоко ниво на опрема од врвот на гамата ( верзија Shine).