НОВИОТ CITROËN C5 AIRCROSS SUV – ВЕЌЕ 100.000 ПРОДАДЕНИ ВОЗИЛА!

За помалку од една година по претставувањето на пазарот, новиот Citroën C5 Aircross SUV е продаден во веќе над 100.000 примероци. Ова достигнување го прави да биде трето по ред најдобро продавано патничко возило. Затоа новиот Citroën C5 Aircross SUV одигра главна улога во успехот на Citroën, марка со најголемиот раст во рамки на врвните 12 автомобилски марки во Европа (11 месеци од 2019).
Од претставувањето, минатиот јануари, новиот Citroën C5 Aircross SUV успеа да достигне 100,000 продажби. Овој удел придонесе да биде третото најпродавано патничко возило на марката во светот (по C3 и C3 Aircross SUV). Во Франција, каде се произведува (Rennes), новиот Citroën C5 Aircross SUV е веќе докажан како втор најпродаван SUV во сегментот C од почетокот на годинава.
Затоа овој комерцијален успех одигра главна улога во достигнувањето на Citroën, марка која бележи најголем раст во рамки на 12 најпродавани автомобилски марки во Европа (во 30 земји) од почетокот на годинава досега. Поткрепен со неговиот уникатен дизајн и обележјата – комфорот и модуларноста, но и 20-те уреди за сигурност и помош во возењето, новиот Citroën C5 Aircross SUV, ги потврди своите привлечни сили и преку богатиот продажен микс, со речиси 1 од секои 2 нарачки, нарачани со највисокото ниво на опременост (Shine).
Оваа комерцијална динамика ќе продолжи и ќе се забрза во 2020, особено со претставувањето на марката во Индија, каде C5 Aircross SUV ќе биде првиот модел од Citroën кој ќе се продава локално, но исто така и со лансирањето на новиот Citroën C5 Aircross SUV Hybrid, неговата Plug-in Hybrid издание (PHEV) кое беше претставено минатиот месец.