НОВИОТ CITROËN C3: ПОВЕЌЕ КАРАКТЕР И КОМФОР!

Citroën го претстави новиот C3, еволуција на најпродаваниот модел на марката во светот, пример за пазарен успех со 750.000 продажби од актуелната трета генерација на C3, од неговото лансирање во 2016 година.
Новиот Citroën C3 има модерен и заштитнички изглед. Се издвојува од сите останати возила. Ја надградува својата различност со колоритниот карактер и ненадминливиот комфор.
Новиот Citroën C3 ја истакнува својата различност преку:
– Новиот лик според новиот стилскиот идентитет на Citroën: карактерен лик кој го потенцира целосно новиот потпис од Citroën, испириран од најновите концептуални возила и нови LED светла.
– Зголемениот потенцијал за персонализација сега веќе со 97 можни комбинации, 3 нови налепници за кров, 2 вида нови тркала, 3 бои за амбиент на внатрешност, вклучувајќи и 2 нови.
– Новите дизајни на Airbump®, графичкиот потпис на марката.
– Сосема новото комфорно искуство во кабината благодарение на Advanced Comfort седиштата, за прв пат во овој сегмент, 12-те уреди за помош при возењето и многу повеќе услуги за поврзување: Connect Assist за SOS асистенција, Connect Nav со 7″ екран на допир и Connect Play за копирање на паметен телефон. Опрема, комплетно во линија со времето која во целост го олеснува секојдневието.
Со ефикасните мотори Euro 6 со внатрешно согорување, новиот Citroën C3 ја поставува основата на пазарот.
Новиот Citroën C3 се очекува во продажните салони на лето 2020.