November 13, 2017

НОВИОТ CITROËN C3 AIRCROSS COMPACT SUV ЌЕ ЈА ПРОСЛАВИ БОЖИЌНАТА МАГИЈА ЗАЕДНО СО PRINTEMPS HAUSSMANN

CITROËN ЌЕ СОРАБОТУВА СО PRINTEMPS ЗА БОЖИЌНАТА ПРОСЛАВА

Познатиот шопинг центар кој се наоѓа на Булеварот Хосман, во Париз, со 11 свои изложбени витрини посветени на божиќната бајка ги внесува младите а и постарите во едно волшебно патување полно со подароци.

На излогот посветен на Citroën, младите ликови од бајката, Жил и Виолета се впуштаат во опасните аванатури на снежните пустини. За среќа може да сметаат на силниот и заштитнички настроен нов C3 Aircross Compact SUV кој ќе ги следи во патувањата. Прекрасната креативна сцена можете да ја погледнете до 5 јануари 2018.

757x426_C3Aicross_VISUEL2

Како што наближуваат божиќните празници, детските очи сјаат посилно од божиќната магија. Уште од 1913, генерации на детски срца, заедно со своите родители се воодушевуваат на излозите на Printemps, познатиот шопинг центар на булеварот Хосман.

Оваа година, повеќе од 10 милиони минувачи ќе можат да ги погледнат анимираните сцени на 11 излози чија тема гидуинава ќе биде божиќна бајка под наслов « Божиќ, прекрасно патување на подароците ». Шест волшебни сцени го носат набљудувачот на пат околу светот, дизајнирани со помош на партнерите на Pritemps, вклучувајќи го и Citroën, кој од 1935 е присутен на излозите на продавницата Printemps!

757X426_C3Aircross_VISUEL3

На ова волшебно патување на подароците младите ликови Жил и Виолета, добија задача од Printemps од секој континент да го одберат најубавиот подарок за Божиќ. Од излог до излог двајцата херои им раскажуваат на младите, а и на постарите за своите доживувања. Излогот на Citroën, го носи името « Пустинска авантура », и ја раскажува бајката за Жил и Виолета кои за да стигнат до Printemps, треба да поминат многу опасни авантури во снежната пустина: а таму може да сметаат на новиот C3 Aircross Compact SUV за да ги донесат бројните божиќни подароци до продавницата.

Соработката на Citroën со Printemps се зајакнува со изложбата на новиот C3 Aircross Compact SUV во трите продавници на Printemps (Boulevard Haussmann, Parly 2 и Toulon).

Излозите ќе бидат свечено отворени на 7 ноември во присуство на австралиската актерка Никол Кидман. Излогот на Citroën ќе биде отворен до 5 јануари 2018, а истото можете да го погледнете и на социјалните мрежи на Citroën и Printemps.