September 27, 2022

НОВ ИДЕНТИТЕТ НА МАРКАТА CITROËN ЗА НАЈАВА НА ВОЗБУДЛИВА, ЕНЕРГИЧНА И МОДЕРНА ЕРА ШТО ДОАЃА

  • Citroën претставува нов идентитет на марката заедно со ново лого, најавувајќи возбудливо и значајно ново поглавје во својата историја.
  • Новото лого е горда реинтерпретација на оригиналната овална форма од 1919 и е 10-тата еволуција во 103 годишната историја на Citroën.
  • Новото лого ќе се појави на концепт автомобил на крајот на септември, а потоа постепено ќе ги краси идните производи и концепти од средината на 2023 година.
  • Новиот идентитет на марката Citroën ќе се развие во фази за дигиталните медиуми, дилерставата и корпоративната околина
  • Новиот потпис на марката ветува забрзување на смела, инклузивна и емотивна ера за решенијата за мобилност од Citroën и односот со клиентите.

Citroën денес го претставува новиот идентитет и лого на марката, означувајќи почеток на една смела, возбудлива и динамична нова ера за марката која постои веќе 103 години, забрзувајќи ја мисијата да ја направи електричната мобилност достапни за сите и проширувајќи вредностите на пристапноста, храброста и благосостојбата на клиентите кои се во центарот на вниманието.

Новото лого е реинтерпретација на оригиналното лого, кое е адаптирано од основачот André Citroën и инспирирано со успехот на неговата металуршка компанија која се занимавала со производство на системи за запчаници „рибина коска“ во облик на шеврони. Познатиот и технички поим «два шеврони» кој оттогаш останува во срцето на идентитетот на  Citroën.

Новиот елегантен амблем, кој ја означува транзицијата и еволуцијата на марката кон нова ера, ќе биде претставен на крајот на септември на концепт автомобил кој претставува вистински манифест за марката. Потоа постепено ќе се применува на идните сериски возила и концептите на Citroën од средината на 2023 година. Истакнатиот и впечатлив вертикален овал ќе доведе до нова насока во дизајнерскиот јазик. Видлив, тој станува веднаш препознатлив елемент за потпис на сите модели на Citroën.

 

Надополнувајќи го новото лого, новиот програм за корпоративен идентитет на марката е и изгледот на новиот потпис на марката, кој ветува «Nothing moves us like Citroën» (Ништо не нè придвижува и допира како Citroën) .

Vincent Cobée, извршен директор на Citroën, вели: „Додека се придвижуваме кон веројатно највозбудливото поглавје               од нашата славна 103-годишна историја, вистинско време е Citroën да прифати нов, модерен и современ изглед. Нашиот нов идентитет  е елегантен симбол за прогрес додека физички ги движиме нашите клиенти во смели, напредни возила кои ги предизвикуваат тадиционалните правила во индустријата и емотивно со обезбедување на нивно комплетно искуство – особено електрификацијата е подостапно, поудобно и попријатно искуство, без разлика на нивните барања и потреби. Нашето наследство  од инспиративни корисници со смели и револуционерни возила ни носи енергија за прифаќање на различен, поинклузивен пристап кон семејната мдбилност од иднината и цврсто веруваме дека клиентите од минатото, сегашноста и иднината ќе се согласат дека ништо не нè придвижува и допира како Citroën «Nothing moves us like Citroën».

7f0ed68e52f7d04be489d0c893a549b35a10ed24

  1. НОВО, НО ПОЗНАТО ЛОГО

Централниот елемент на новиот идентитет на марката претставува еволуција на симболот «два шеврони» на Citroën, познат во целиот свет. Се работи за десетта по ред значајна измена на логото на Citroën од оформувањето на компанијата во 1919 и има пошироки и поистакнати шеврони, контрастно опкружени со помека овална рамка.

Значајно, поистакнато вертикално овално лого ќе поттикне нова насока во јазикот на дизајнот на производите, при што визуелно истакнатиот симбол ќе стане веднаш препознатлив елемент на потписот на сите модели на Citroën.

Alexandre Revert, Global Brand Designer изјави: «Додека се обидувавме да го разјасниме нашиот фокус за иднината,  се чинеше логично да го затвориме кругот со графичко навраќање на првото лого на André Citroën кое го претставува автентичното ветување за достапна и иновативна мобилност за сите. Постепеното преминување кон поистакнат и повидлив потпис на марката е значајна и суптилна еволуција за нашите идни дизајни, каде што прецизноста на техничките, функционални шеврони се нагласени и формираат контраст со топлината и речиси човечката мекотија на овалот што ги обвива.»   

Новото вертикално овално лого е придружено со иновативна и сеопфатна програма за корпоративен идентитет на марката која дејствува како понатамошна и временска индикација за тоа како Citroën ја забрзува посветеноста  да ја направи електричната мобилност достапна за сите додека ги одржува и продолжува основните гени за достапност, смелост и благосостојба на клиентите.

Клучна цел беше да се отелотворат елементите инспирирани од повеќе лични неавтомобилски марки, вклучувајќи козметика и облека, со цел да се пренесе потопол израз на марката што ќе биде едноставно за око кога ќе се доживее ви различна средина. На пример, новиот идентитет е обмислено дизајниран со чист и поедноставен кориснички интерфејс, обезбедувајќи им на клиентите зголемено чувство на спокојство за време на целото дигитално патување со Citroën, од нивната дневна соба до изложбениот салон.

Особено внимание е насочено кон дизајнот за да се осигура дека дигиталното искуство ги исполнува очекувањата на новите клиенти во однос на ергономијата и естетиката (вклучувајќи обезбедување опција dark mode „темен режим“) –како и комплетно исполнување на прецизните потреби и барања за online продажба.

Освен тоа, се развива нов анимиран јазик за интеграција на новиот идентитет во сите дигитални допирни точки, како внатре во возилата со помошна сите екрани на возилата, така и надвор во апликацијата My Citroën, обезбедувајќи им на клиентите збогатено и кохерентно Citroën искуство.

Новиот идентитет, исто така, ќе се протега и зад дигиталната околина и ќе се употребува во и на возилата за да ги нагласи сите елементи на корпоративниот идентитет на компанијата, од рекламен материјал и документација до изложбено-продажните места и означувањето на корпоративните објекти. Новото значување ќе биде полесно и енергетски ефикасно, а нема да содржи хром за да се зголеми рециклирачка способност.

Удобниот и познат концепт на внатрешноста на изложбено-продажните места « La Maison Citroën », постепено ќе биде засилен, бидејќи докажа дека е популарен кај клиентите од претставувањето пред неколку години.

Свежата и поедноставена палета на бои и новиот фонт развиени од моменталните фонтови Citroën  ќе го надополнат логото и дополнително ќе го подобрат новиот идентитет на марката.

Додека белата и ладно сива боја создаваат основа за смиреност и едноставно, ќе бидат претставени две попрепознатливи бои за потпис како контраст, кои ќе се применуваат на специфични детали и делови.

Инспирирана од важната наследена боја за Citroën која се користела на култни автомобили низ историјата на компанијата, вклучувајќи ги и 2CV и DS, смирената сина Monte Carlo наскоро ќе има добредојден повраток  во портфолиото на автомобилите, а истовремено ќе се содржи и во деталите на палетата за идентитет на марката за корпоративни малопродажни апликации.

Дополнително , поенергична и покарактеристична Infra-Red ќе ја замени црвената која моментално се користи за додавање рамнотежа и динамичен контраст во физичките, печатени и дигитални апликации.

Новиот слоган на марката « Nothing moves us like Citroën » (ништо не нè придвижува и допира како Citroën) – ќе почне селективно да се употребува во корпоративни и производни комуникации и активности.

8072117bfea736b08f48d2935022641d9408265b

  1. ЕВОЛУЦИЈА И РЕВОЛУЦИЈА

Еволуцијата на логото на марката и корпоративниот идентитет на Citroën се комбинираат со слоганот « Nothing moves us like Citroën » за да ја истакнат претстојната револуција во пристапот на марката кон достапните решенија за мобилност, како и посветеноста на услуги без стрес за клиентите.

Првиот физички доказ ќе биде истражена во  значајно семејно концептуално возило, кое ќе го носи новиот идентитет и ќе биде откриен од страна на Citroën на крајот од септември.

Laurent Barria, Директор за маркетинг и комуникации во Citroën, изјави: « Со потенцирање на нашите корени и реинтерпретирање на нашиот идентитет на модерен начин, испраќаме јасна порака на сите дека останувајќи верни на гените на нашата марка, ги менуваме драматично работите во Citroën.

Во мисијата да создадеме смели решенија за да ја направиме електричната мобилност подостапна, продолжуваме да гледаме поинаку на работите и решени сме да докажеме на нашите клиенти и на себеси дека никој и ништо не нè придвижува и допира како Citroën, како што се прошируваме на емоционалнота благосостојба што ја доживуваваме додека сме во возилото и надвор од него преку комплетно патнерко патување што го имаат со нас.

Тоа бара револуционерно размислување во сè што правиме, од иновативните возила што ги создаваме до инклузивните, одговорни услуги кои ги обезбедуваме, што бара од нас да го изразиме и да застанеме зад нашиот пристап кон идентитетот. Тоа е прецизно она што го ветуваме денес.  

Развиен од дизајнерскиот тим на Citroën, новиот корпоративен идентитет на марката имаше корист од експертизата на Stellantis Design Studio, глобална агенција за дизајн на марката на Stellantis посветена на внатрешни и надворешни клиенти.

a2527e4670f601456a8d42a14f964d0bb90062be (1)