June 19, 2020

НОВ C4 & Ë-C4 – 100% ËLECTRIC: CITROËN ГО ПРЕТСТАВИ НОВИОТ ХЕЧБЕК

Citroën ја продолжува својата електричната офанзива во 2020 со објавување на првите слики од новиот ë-C4 - 100% ëlectric и новиот C4.

Целосно нов хечбек кој ги инкорпорира стандардите на компактниот сегмент, надополнет со идентитетот на Citroën :
. Енергетски избор : во 2020 « Citroën нуди електричен погон за сите ». Новиот ë-C4 – 100% ëlectric е петтиот по ред модел кој е дел од стратегијата за електрификација достапна за сите, после C5 Aircross SUV Hybrid, Ami, ë-Jumpy и ë-SpaceTourer. Покрај 100 % електричната верзија, новиот C4 е достапен и со бензински или дизел мотор, создадени да бидат што е можно поблиску до потребите на клиентите.
. Препознатливост на концептот : аеродинамична форма, со суптилни детали кои се најава за нов дизајнерски концепт на Citroën. Се издвојува преку неговиот храбар уникатен дизајн, надграден, компактен, подготвен да отскокне, поставен на тркала со голем дијаметар.
. Комфор во кабината : сите елементи од програмата на Citroën Advanced Comfort® се застапени за едно поинакво доживување на комфорот вклучувајќи ги и Прогресивните хидраулични перничиња®, Advanced Comfort седиштата, просторот во кабината, корисните технологии кои го олеснуваат секојдневието и новите иновативни содржини пред совозачот. Надградената технолошка опрема од програмата ë-Confort кај новиот ë-C4 – 100% ëlectric овозможува едно незаборавно патување.
Горди наследници на извонредни хечбек модели, вклучително и GS кој прославува 50 години постоење, новиот ë-C4 – 100% ëlectric и новиот C4 ќе бидат претставени на 30 јуни обележувајќи ја втората половина на 2020 година.