НОВ CITROËN JUMPER, НАЈДОБРОТО ОД УМЕШНОСТА НА CITROËN НА РАСПОЛАГАЊЕ НА БИЗНИСМЕНИТЕ
CITROËN Jumper, вистински комерцијален успех, продаден во повеќе од 800 000 примероци од лансирањето, се обновува и навлегува во нова ера. Новиот CITROËN Jumper е дизајниран со примена на најдоброто од знаењето и умешноста на CITROËN. Вештина целосно применета во гамата на лесни комерцијални возила со најголема понуда на пазарот составена од четири надополнувачки но сепак различни возила: Nemo, Berlingo, Jumpy и Jumper.
Новиот CITROËN Jumper целосно се интегрира во оваа гама со:
– модерен дизајн со практична примена, со лице напред кое изразува динамичност и издржливост со новите светла со DRL со LED, со карактеристични линии на капакот на моторот и заштитнички браници. Новиот CITROËN Jumper, дизајниран во согласност со идентитетот на марката со архитектура и ергономичност кои се истакнуваат со едноставна примена, и особено во секојдневниот процес на товар/растовар со зафатнина корисност/габаритност на највисоко ниво. Со ширина на товарен простор помеѓу премините на тркала од 1,42 m и корисна ширина од 1,87 m, новиот CITROËN Jumper е најдобар во категоријата;
– комфор како репер во сегментот, со понуда на оптимално возачко место, седиште со варијабилно амортизирање, наслони за раце, лумбално подесување со менувач поставен на командна табла како и табла за пишување со можност за подигнување. Новиот CITROËN Jumper, поседува најнова генерација на конекција со Connecting Box (hands-free Bluetooth приклучок USB) премиерно во категорија, со екран осетлив на допир во боја 5’’, нови функции за навигација и камера за движење на наназад;
– технологии за поголема сигурност, интелигентна контрола на влечење, систем Hill Descent Control (контрола на брзина при надолнина), програмирачки регулатор и ограничувач на брзина, предупредување за ненамерно преминување на коловозната линија и сензор за намален притисок во пневматици, за поголема релаксираност во секојдневните обврски;
– докажан квалитет и контролиран буџет, повеќе од 4 милиони километри изминати на тестирање на неговата издржливост и доверба. Новиот CITROËN Jumper, гарантира исто така и контролирани трошоци за одржување со намалување на потрошувачката на гориво до 15 % во споредба со претходната генерација, но и уред Stop&Start кај моторите e-HDi 130 и e-HDi 150 со заштеда на гориво од 0,5 литар во градска употреба.
Квалитетот е составен дел кај сите верзии на CITROËN Jumper, од затворен фургон до комби верзија, за да ги задоволи потребите на најразличните бизниси.