October 25, 2017

Нов Citroën C4 Cactus

Citroën денес го откри новиот C4 Cactus, ултра компактен автомобил со единствен карактер.

Citroën денес го откри новиот C4 Cactus,
ултра компактен автомобил со единствен карактер.

По лансирањето на C3 во 2016, и SUV офанзивата во 2017 со C3 Aircross и C5 Aircross, Citroën започнува нова етапа од својата офанзива со понуда на нови производи во сегментот на компактни автомобили со пет врати: Новиот C4 Cactus. Овој нов производ внесува свежина во сегментот со поврзување на оригиналниот карактер на C4 Cactus со комфорот на C4. Својот статус го зацврстува со 12 нови технологии за помош во возењето, 3 технологии на поврзување, мотори со моќност до 130 КС и беспрекорен дизајн.

Модерен и препознатлив по својот дизајн, Новиот C4 Cactus ви гарантира неповторливо искуство зад управувачот и неспоредливо уживање во патувањата. За таа цел, Citroën ја примени својата најнова технологија на хидраулично потпирање , која станува достапна за широката јавност. На европските пазари Новиот C4 Cactus се нуди со Progressive Hydraulic Cushions™ – PHC и седишта изработени според програмата на Advanced Comfort, спој на комфор и уникатен стил на возење.

Новиот C4 Cactus внесува свежина и оригиналност во сегментот на компактни возила со пет врати .
УНИКАТЕН КАРАКТЕР И ИНОВАТИВЕН ДИЗАЈН

Новиот C4 Cactus сосема природно се наметнува со својот нов изглед кој истовремено е поширок и поизразен, со новите редизајнирани страници и мазната површина на задниот дел, со новите светла назад во 3D ефект и примена на LED технологијата. Прочистен и монолитен дизајн кој го раздвижи сегментот на компактни автомобили со пет врати. Долго меѓуоскино растојание од 2,60 m и кусо растојание меѓу тркалата гарантираат компактни димензии кои овозможуваат истовремено подвижност и просторност во патничката кабина. Се истакнуваат графички елементи кои се типични за марката Citroën од примерот на Airbump® во долниот дел од вратите, продолжена стаклена површина и подвижен покрив, преден изглед во две нивоа, како и издолжен светлосен потпис со 3D ефект и LED технологија назад. Во понудата се истакнуваат 31 комбинации на персонализација со 9 бои на каросеријата и 4 елегантни и софистицирани Пакети во боја, за да можат клиентите да бидат сопствени дизајнери на своите возила. Патничкиот простор е функционален, прочистен и ослободен и на прв поглед создава чувство на релаксираност. Пет различни амбиенти на патничкиот простор, секој за себе гарантира светлина, нежност и елеганција.

УЛТРА- УДОБЕН АВТОМОБИЛ: НОВА ДИМЕНЗИЈА ДОСТАПНА ЗА СИТЕ

Новиот C4 Cactus го внесува комфор на автомобилот во нова димензија. Изработен според стандардите на програмата Citroën Advanced Comfort®, новиот C4 Cactus на европските пазари нуди најнапредни технологии во делот на модерен и сеопфатен комфор. Овој нов автомобил нуди беспрекорна удобност во возењето со новата технологија на хидраулично потпирање Progressive Hydraulic Cushions™ – PHC, кое ги филтрира нерамнините на патот така што имате чувство дека лебдите на летечки килим. Новите седишта се изработени во согласност со програмата Advanced Comfort, гарантирајќи на тој начин оптимално држење на телото. Новиот C4 Cactus е иноватор и во делот на звучна изолација и опрема со секојдневна примена. На своите патници им нуди технологија од 12 уреди за помош во возењето и 3 технологии на поврзување, мотори со високи перформанси за да се чувствуваат релаксирано зад управувачот на Новиот C4 Cactus.
Новиот C4 Cactus ќе биде достапен од пролет 2018 година.