June 14, 2017

НОВИОТ SUV COMPACT CITROËN C3 AIRCROSS

SUV ОФАНЗИВА НА CITROËN

Citroën ја интензивира светската офанзива во SUV сегментот со претставување на новиот C3 Aircross, неговиот нов компактен SUV « нова генерација » со стил кој блика со својата енергичност и оригиналност. По желба на клиентите, овој "people minded" SUV со оптимистички дух се истакнува со својот оригинален изглед, автентичен карактер и исклучителна внатрешна просторност и удобност.

Инспириран од концепт возилото C-Aircross премиерно претставен на Саемот во Женева во март, новиот C3 Aircross внесува свежина во светот на компактните SUV.

Однадвор, се препознава по својот изглед, а можностите за персонализација му гарантираат исклучителен  и афирмиран карактер. Достоен носител на програмата Citroën Advanced Comfort®, новиот C3 Aircross  е целосно посветен на внатрешната просторност, модуларноста и осветленоста  како составен дел од современиот начин на живеење. Новиот C3 Aircross претпочита да биде поврзан и за таа цел ги нуди  најновите технологии за олеснување на патувањето како во градот така и на сите видови патишта. Во еден збор, типичен SUV кој ги воодушевува клиентите кои се љубители на естетиката, уживањето и желбата за нови искуства.

Copyright Wiiliam CROZES @ Continental Productions

КОМПАКТЕН SUV СО НАЈГОЛЕМА ВНАТРЕШНА ПРОСТОРНОСТ И НАЈМНОГУ МОЖНОСТИ ЗА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА ВО СЕГМЕНТОТ

Нуди широки и удобни седишта и се истакнува со својата исклучителна внатрешна просторност (најголема висина под плафонот, и простор за нозете), како и неспоредлива модуларност (лизгачка клупа во два независни дела, можност за преклопување на совозачко седиште во вид на масичка со што се ослободува дополнителен простор за товарање до 2,40m) и исклучителна зафатнина на багажен простор (410 литри кој може да достигне до 520 литри). За да се чувствувате убаво во патувањата, големиот подвижен панорамски покрив ќе ви овозможи целосно да бидете облеани со пририродна сончева светлина.

Copyright Wiiliam CROZES @ Continental Productions

Во дослух со модерното време, C3 Aircross располага со генијални места и простор за чување на предмети меѓу кои вреди да се истакне посебниот простор на централната конзола за полнење на вашиот смартфон без кабел. Новиот SUV на Citroën нуди комплетна гама од системи за помош во возењето од  примерот на приказ на информации на виртуелен екран на ветробранско стакло, Active Safety Brake, автоматско менување на светлата, препознавање на сообраќајните знаци за ограничување на брзина со препораки, корисните технологии во секојдневниот живот од примерот на Park Assist или пак CITROËN Connect Nav.