December 12, 2014

НАПЛИВ ОД ПЕХАРИ ЗА CITROËN И НЕЈЗИНИТЕ ВОЗАЧИ

- Организирана во Катар, гала вечерта на крајот од сезоната на FIA е потврда на пласманите на повеќето Шампионати.
- Хозе Марија Лопез, Иван Мулер и Себастијан Лоеб доминираа на подиумот на Светскиот Шампионат FIA WTCC, додека Citroën ја однесе титулата Производители.
- Citroën Total Abu Dhabi WRT заврши како вицешампион на Светскиот шампионат во рели ‘Производители’.

На Свечената прослава по повод официјалното затворање на сезоната, на доделување на наградите на  Светска автомобилска федерација и претходеше предизвик кој ги спои возачите со официјалните претставници на FIA. Хозе Марија Лопез се истакна по овој повод, и ја заврши картинг трката на третото место зад Естебан Окон – Европски шампион на F3 – и Даниел Ричардо.

Овој петок, Пекито со своите тимски колеги Иван Мулер И Себастијан Лоеб се искачија на подиумот  на Светскиот шампионат на FIA WTCC. На Ив Матон,  директорот на Citroën Racing, му беше врачен пехарот за Производители, заслужен со 17 победи во 23 трки.

Во делот на рели, осум подиуми беа завземени од Kris Meeke и Mads Østberg кои им го обезбедија на Citroën Total Abu Dhabi World Rally Team второ место во Светскиот шампионат ‘Производители’. Стефан Лефебр, Аластер Фишер и Мартин Кочи се искачија на подиумот на Шампионатот FIA јуниор WRC и WRC-3.наредната сезона овој млад француски тим ќе се натпреварува во WRC-2, со DS 3 R5.

Светската листа на шампиони на Citroën Racing е комплетирана со Petter Solberg, Светски шампион во Rallycross со DS 3 Supercar. По WRC во 2003, норвежанецот постана прв возач со две светски титули во две различни дисциплини.

Ив Матон, Директор на Citroën Racing : « Оваа свечена вечер ги собра на едно место сите личности инволвирани во светскиот автомобилски спорт за да го осетиме силниот интензитет што го доживеавме оваа година. Овие пехари се заслужена награда за возачите и сите соработници на Citroën Racing, кои водеа фронтови на два Светски Шампионати, или 25 предизвици на сите континенти. Во 2015, ќе ги одбраниме титулите FIA WTCC со Пекито, Иван и Себ, и ќе продолжиме со нашите ангажмани во WRC. Во нивната втора сезона со DS 3, Kris и Mads ќе се обидат да се качат на подиумите за Светски шампионат ‘Возачи ’. исто така се посветуваме и на иднината со посебни обуки на Стефан и Лефебр за наредната сезона. »