October 9, 2018

НА САЕМОТ ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ПАРИЗ: CITROËN НАЈАВУВА ДВА КОНЦЕПТ АВТОМОБИЛИ!

Утринава на отворањето на деновите за медиумите на Мундијалот во Париз Citroën дискретно најави што подготвува за неговиот стоти роденден што ќе го прослави наредната година. Меѓу другото најави 2 концепт автомобили … Првиот ќе биде претставен во март за време на Саемот во Женева, а вториот во април на Саемот во Шангај. За да го задржи вашето внимание дотогаш Citroën објави ‘teasing’ од секој концепт…

На првиот ден од отворањето на Мондијалот во Париз, Citroën се појави со многу изненадувања на својот штанд! Најнапред со поразличен начин на конференциите за печат затоа што станува збор за еден вистински перформанс ‘live performance’ каде новинарите можат да присуствуваат на една посебна сценографија со професионален танчер, со музика ина голем екран на штандот наречен ‘La Maison Citroën’… оригинален перформанс кој ќе се емитува постојано сè додека е отворен саемот за посетителите!

Покрај препознатливата различност во формата, марката ќе се истакнува по позадина каде се прикажуваат некои важни моменти од стогодишното постоење на марката во 2019 година. Овој роденден е одличен повод за бројни настани кои ќе се одвиваат целата година, саемот Retromobile во февруари, лансирање на специјална серија, историски хепенингза колекционерите (‘Средба на столетието од 19 до 21 јули 2019 во Нормандија), бројни дигитални активности и дури два концепт автомобили! Првиот ќе биде изложен на Саемот во Женева 2019 (март), акцент на урбаната мобилност, а вториот на Саемот во Шангај 2019 (април), инкарнација на ултра комфорот на Citroën. Citroën не издржа и објави дури две фотографии ‘teasing’ на своите два концепт автомобили!

Продолжение во 2019 …