September 20, 2022

MY AMI TONIC: НОВА ВЕРЗИЈА НА AMI ВО НОВА ЕНЕРГЕТСКА БОЈА

  • Новиот Citroën My Ami Tonic доаѓа во енергетски микс од khaki и лимон жолта боја, што му дава витаминизиран и стимулирачки карактер.
  • Ami продолжува да ја нагласува персонализацијата со стилскa, живописна нова верзија. Позициониран на врвот на гамата, My Ami Tonic додава декоративни елементи во боја на повеќето дополнителна опрама достапна кај другите верзии, за да создаде многу експресивно возило.
  • My Ami Tonic ја надополнува гамата на Ami, која веќе успеа да привлече повеќе од 23500 клиенти. Веќе е достапен за нарачка во Франција на страницата fr/ami.

1

My Ami Tonic се истакнува со енергични графички елементи со кои се добива слика за другата страна од карактерот на Ami. Четирициклот на Citroën отсекогаш бил опремен со силен капацитет за персонализација и дополнителна опрема, што претставува извонреден терен за играње за секој клиент, за да создаде Ami според неговиот стил и замисла.

«Тимот за дизајн во Citroën имаше замисла да донесе нова свежина и виталност на оваа нова верзија. Комбинацијата помеѓу блокови во лимон жолта боја и khaki боја, во комбинација со интуитивни технички елементи (стрелки за насока, „open“) кои му даваат на My Ami Tonic разиграна страна, така што ќе стане играчка на возрасните на возраст од 14 до 77 години. » изјавува  Mathieu Wandon, Одговорен за графички дизајн во Citroën.

2

Citroën Ami е вистински вистински општествен феномен кој ги задоволува новите потреби за мобилност за секојдневни локални патувања. Тој е електричен, се вози без возачка дозвола, со пристапна цена, безбеден, удобен и сигурен, без стрес. Иновативен преку својот модерен одговор кон потребите на клиентите од сите возрасти, истапува во пејзажот со својот единствен карактер со кој се разликува од традиционалните опции на пазарот. Да се управува со Ami претставува изјава во корист на поразличен пристап кон мобилноста, на забавен и во целост самоуверен начин. Неговиот стил е единствен и ведар, но со агресивни рабови.

MY AMI TONIC, ВПЕЧАТЛИВ СО ВДАХНАТ НОВ КАРАКТЕР

My Ami Tonic претставува верзија која е полна со енергија и ја стимулира гамата на Ami и инспирира акција преку својата понуда на боја и опрема. Доаѓа заедно со прилагодување кое е застапено кај другите верзии, како што се лаковите на тркалата или кровни носачи, како и нови стилски елементи комбинирани со нијансите khaki и сјајна жолта, свежа верзија која со виталност ве кани на секое патување.

Стилски атрибути кои го засилуваат енергичниот карактер на Ami како и динамичното возење во електричен режим.

За прв пат, кај надворешниот изглед на My Ami Tonic имаме поинаков означен приказ на новите светла во средина налик на очила за сонце. Оваа карактерна верзија инкорпорира карактеристики што го нагласуваат другите верзии, како што се  капаците на тркалата, црниот панел под ветробранското стакло, како и предните и задните браници за зголемена робустност заедно со лаковите на тркалата и носачите на кров.

3

Внатрешноста на My Ami Tonic, е опремена со низа функционални додатоци како што се држач за смарт телефон, три фиоки за складирање, мрежи на вратите, мрежа за централно одделување, држачи за торба, патосници, приклучок за поврзување на смарт телефон со Ami.  Сет од опрема што во целост го олеснува секојдневието.

Графички елементи во препознатливи бои: khaki и жолта

Боите на My Ami Tonic се избрани внимателно. Комбинацијата на khaki и жолта боја му даваат енергија на Ami.

Нијансата khaki се појавува и на надворешноста во долниот дел од вратите и во внатрешноста на фиоките за складирање вметнати во контролната табла, како и на краевите околу мрежите на вратите. Бојата на опуштањето и смиреноста, khaki која промовира чувства на оптимизам, хармонија и смиреност. Нијанса на зелена боја која исто така потсетува на богатството на природата, со што се истакнува еколошката посветеност на Ami. Како електрично возило, Ami ја почитува животната средина, додека со својата бесшумност на патот инспирира спокој.

4

Жолтата, честопати сметана за динамична и топла боја, носи живописен акцент на налепниците на вратите изработени специјално за My Ami Tonic, на двете вдлабнатини на предниот панел, ремените кои служат за отворање и затворање на вратите од патничкиот дел, како и држачот за чанта на патничката страна. Жолтата боја исто така, асоцира на љубопитност. Citroën ја користи за да привлече внимание кон насочените стрелки во внатрешноста на возилото, воедно како насоки за функционалност. Како во примерот со стрелките залепени на задните стакла кои укажуваат на отворање на прозорите или на оние поставени на тркалата кои укажуваат на проверка на тркалата. Овие техничко-тактички елементи се обележје на сето она што се практикува во сферата на аеронаутиката.

Во истиот дух, три бели насочени стрелки, поставени една под друга во внатрешноста на панелите на вратите укажуваат како да се користи рачката за отворање на вратата. На рамката на прозорците налепница со координати GPS на техничкиот центар на Групацијата Stellantis, l’ADN (Automotive Design Network) со седиште во Vélizy. Како дополнение, два мали естетски детали истакнуваат дека My Ami Tonic е целосно електричен објект наменет за мобилност, со залепен симбол „+“ на рачката на вратата кај возачот и   „-“ на вратата од совозачот, кои ги симболизираат поларитетите на батеријата.

My Ami Tonic ќе биде достапен за продажба во Франција, Италија, Португалија, Белгија, Велика Британија, Грција, Мароко, Турција.