«MY AMI PLAY»: ПАМЕТНА ИНОВАЦИЈА

- Citroën ја поедноставува поврзаноста во патничката кабина со воведување на «My Ami Play», иновативно решение, сега достапно преку апликацијата My Citroën, со ново мени кое содржи основни и корисни функции едноставни и интуитивни за употреба, специјално дизајнирани за смарт телефони и со паметна активација на контролното копче наречено «Citroën Switch» кое може да биде позиционирано на лаковите кај воланот од десната или од левата страна.
- Претставен кај Ami, «My Ami Play», на една страница дава приказ на неколку функции што вообичаено ги користат клиентите на нивниот смарт телефон, како навигација, музика, радио и телефон. Штом се поврзе со смарт телефон преку Bluetooth, «Citroën Switch» му овозможува на возачот директен пристап кон овие функции, директно, без да го отргне погледот од патот, преку контролирање со допир или гласовно препознавање.
- Овој уред го засилува искуството при поврзување во патничката кабина за уште поголема практичност, ергономија, безбедност и благосостојба. Паметно решение, што редовно ќе се подобрува со ажурирање на смарт телефон, совршено се надополнува со духот на Ami и ќе биде во стандардната опременост кај повеќето верзии (освен кај Ami Ami и My Ami Cargo), а ќе биде достапен и како дополнителна опрема на веб страната misterauto.com за европскиот пазар.
Citroën Ami е првото возило од гамата на Citroën што го има «My Ami Play», ново решение кое нуди искуство на поврзување во патничката кабина и едноставен пристап до сите основни функции за информации и забава за да се обезбеди пријателска атмосфера во патничката кабина.
Принципот е едноставен: едно копче – «Citroën Switch» – сместено кај лаковите на воланот за да му одговара на клиентот, овозможувајќи поврзување со смарт телефони преку Bluetooth, а потоа се активира апликацијата My Citroën и новата страница «My Ami Play», комбинирајќи ги притоа сите омилени функции на клиентот. Со ова се овозможува поедноставна контрола на смарт телефон, преку допир или гласовно препознавање.
«Додека возат, киентите сакаат да имаат пристап до омилените апликации за навигација и медиуми. My Ami Play е голема иновација која овозможува да се одговори на оваа потреба во комплетна безбедност. Citroën оди чекор понапред со понуда на дополнително решение кое овозможува да се емитува радио, а истовремено да се подобрува и поедноставува искуството во возењето», изјавува Gilles Scafarto, Одговорен за стратегија и услуги за поврзување во Citroën.
«CITROËN SWITCH»: ГЕНИЈАЛНО РЕШЕНИЕ ЗА ПОЕДНОСТАВЕН ПРИСТАП ДО КЛУЧНИТЕ ФУНКЦИИ
Внатрешниот простор на Ami е оптимизиран за да гарантира високо ниво на практичност за возачот и патниците. Една од целите на дизајнот на внатрешноста беше, да се ослободи простор за складирање во патничката кабина, прилагоден согласно предметите што секој ги носи со себе за своите дневни потреби. Затоа на конзолата е поставен држач наменски направен за паметен телефон, што во Ami ќе се користи како екран на допир, овозможувајќи му на возачот да ги користи своите омилени апликации компатибилни со возењето (навигација, музика итн.).
За понатамошно подобрување на искуството во патничката кабина кај Ami, Citroën иновира комплетно нова впечатлива и корисна дополнителна опрема: «Citroën Switch». Како и сите функции во кабината кај Ami, оваа команда на воланот е пред сè интуитивна и привлечна со својата портокалова боја, која одговара со ремените на вратите. Со едноставно допирање, во менито за управување сега се прикажува мени «My Ami Play» со сите поврзани функции. За поголема безбедност, возачот нема потреба да го отргне погледот од патот, ниту жици кои се влечат: «Citroën Switch» е автоматски поврзан со паметен телефон преку Bluetooth.
Возачот има избор при поставување на «Citroën Switch» на возланот, каде ќе посака, за да обезбеди да му е што е можно поудобно кога го притиска копчето. Ако клиентот преферира, копчето може да се постави и на контролната табла. Помислено е и на левучарите, на кои некогаш не им згодно со традиционалната поставеност на контролите на десна страна во возилата: сега благодарение на «Citroën Switch», конечно може да се избере најидеалната позиција.
Тестирано и одобрено од страна на избрани клиенти, оваа мала кружна дополнителна опрема е опишана како ,,корисна иновација, многу едноставна за употреба, за релаксирано и сминепречено искуство.
«MY AMI PLAY»: УНИКАТНО РЕШЕНИЕ ЗА НАВИГАЦИЈА, КОМУНИКАЦИЈА И СЛУШАЊЕ ОМИЛЕНА МУЗИКА, ЕДНОСТАВНО И БЕЗ СТРЕС
Со притскање на копчето се активира Bluetooth комуникација помеѓу «Citroën Switch» и апликацијата «My Citroën» која на екранот од паметниот телефон прикажува «My Ami Play», мени кое содржи четири наслови претходно сочувани од возачот и интегрирано радио:
- Секцијата «Nav» му овозможува на возачот да има увид во избраните погодности од апликацијата за навигација, како што се Waze, Google Maps, Apple Plan, итн., директно на екранот. Ажурирањата не претставуваат веќе проблем: се извршуваат автоматски преку паметниот телефон.
- Можност за остварување на повици преку функцијата «Call» на едноставен начин, со директен пристап во листата на омилени контакти од својот именик.
- Делот «Media» овозможува да избор од музичките апликации, како Deezer или Apple Music… со цел да се овозможи омилениот музички запис при патувањето со вашето Ami. Ова решение, во комбинација со преносниот звучник Ami Bluetooth, што се поставува на посебно место на контролната табла, ќе излезе во пресрет на љубителите на музика, благодарение на моќниот и импресивен звук што го исполнува патничкиот дел 360 °.
- Опцијата «Radio» е интегрирана во апликацијата «My Ami Play», со што се олеснува менувањето на радио станиците.
Функциите за гласовна помош кај паметниот телефон, исто така остануваат достапни, со цел да се намали мануелното управување што е можно повеќе.