May 4, 2016

Милионитиот мотор Diesel ” BlueHDi ” со технологија SCR

Оваа недела во фабриката во Тремери (Мозел) е произведен и монтиран милионитиот мотор Diesel " BlueHDi " Euro6

Моторите Diesel ” BlueHDi ” Euro6, се произведуваат во фабриката во Тремери со два типа на зафатнина: 1.6l (100КС и 120КС) и 2.0l (150КС и 180КС). Технологијата ” BlueHDi “, прогресивно се воведува во возилата од PSA групацијата од септември 2013 уште пред стапување на сила на стандардот Euro6 (септември 2014), а денес се вградува во сите мотори Diesel Euro6 .

Технологијата ” BlueHDi ” гарантира постојана обработка на штетните гасови кои се испуштаат од Diesel моторите. Издувната цевка се состои од три делови кои гарантираат заштита од испуштање на штетни гасови: катализатор за оксидација, филтер за честички со адитив за обработка на честичките, и Selective Catalytic Reduction (SCR) поставен над филтерот за честички FAP гарантира елиминација на азотните оксиди (NOx) од моторот. Технологијата ” BlueHDi ” е заштитен пронајдок- марка на групацијата PSA.

Во моментов во оваа фабрика дневно се произведуваат 7000 дизел мотори од кои 5000 мотори 1.6l (815 000 произведени од неговото лансирање во 2014) и 2000 мотори 2.0l дневно (185 000 мотори од септември 2013).

По тој повод, Кристијан Шапел (Christian Chapelle), Директор на производство на мотори и шасии на групацијата PSA изјави: ” Први го воведовме филтерот за честички во 2000, ние сме прв производител кој го создаде SCR, овој милионит мотор diesel ” BlueHDi ” со најперформантска солуција за обработка на штетните издувни гасови го потврдува ангажман и посветеноста на групацијата PSA да им понуди на своите клиенти мостојана и непречена подвижност и чисти еколошки солуции “