June 7, 2016

МАРКАТА DS СО ИЗВОНРЕДНА ИЗЛОЖБА НА DS WORLD PARIS : ‘DS & VAILLANTE, ДВЕ ФРАНЦУСКИ МАРКИ’

Од 10 јуни до 3 септември 2016, посетителите ќе можат да уживаат во DS WORLD PARIS, извонредна изложба на ‘DS & Vaillante, две француски марки’.

Оваа изложба ќе ги претстави врските кои ги соединуваат овие две марки веќе 60 години. Ќе даде посебно светло на богата историја на Мишел Вајант (Michel Vaillant) и неговите креатори, Жан и Филип Гратон (Jean et Philippe Graton), како и неговата најнова креација наречена Ренесанса (Renaissance).
Истовремено ќе бидат изложени, една легендарна DS која нè навраќа на почетоците на Мишел Вајант и една DSV-01, моноволуменот 100% електричен од DS Virgin Racing кој се натпреварува на шампионатот FIA de Formula E. Истиот автомобил кој се натпреварува на ePrix de Paris 2016 е пренесен во новиот албум на Мишел Вајант.
Од 10 јуни ова дело ќе се продава ексклузивно на DS WORLD PARIS пред официјалното појавување на 17 јуни 2016.

« Иако едната реална а втората фиктивна, DS и Vaillante се две француски марки кои ја одбележаа француската историјата », додаде Жулиен Фо (Julien Faux), Директор на DS WORLD PARIS. « Денес се повторно заедно во новиот албум за авантурите на Мишел Вајант, и се идеален повод за преставување пред јавноста една приказна која трае веќе 60 години.. »

ИЗЛОЖБАТА ‘DS & VAILLANTE : ДВЕ ФРАНЦУСКИ МАРКИ’, САГА КОЈА ПРОДОЛЖУВА

Изложбата става акцент на врската помеѓу овие две марки француски автомобили: DS и Vaillante – марка креирана во 1957 од Жан Гратон за неговиот анимиран филм Мишел Вајант.

На подземното ниво се наоѓаат сите извадоци од албумите каде DS заедно со Vaillante се наоѓаат на патот во албумот Ноќен пат или во натпревар во албумот 5 девојки во трката.

На приземје, Жан Гратон со неговата DS ќе го претстави својата рачна изработка на оригинална плоча.

На првиот кат светлата се насочени кон новиот албум за авантурите на Мишел Вајант наречен Ренесанса како и на Formula E, натпреварувачкиот автомобил на XXI иот век. На овој кат е изложен и DSV-01 моноволумен 100% електричен од DS Virgin Racing ангажиран на шампионатот FIA Formula E.

За Филип Гратон, синот на Жан и сценаристот на Мишел Вајант, « оваа изложба на една реална марка и на едан фиктивна е навистина оригинална затоа што и врските се посебни, DS и Vaillante се современици кои заедно споделуваат карактерност и елегенатен дизајн, технолошки иновации, и умешност на француски начин ».

АЛБУМОТ RENAISSANCE И ‘MICHEL VAILLANT ART STRIPS’ ВО ПРЕТПРЕМИЕРА

Албумот Ренесанса ќе биде екслузивно ставен во продажба на DS WORLD PARIS пред официјалното појавување кај издавачката куќа Дипуи предвидено за 17 јуни во Франција, Белгија, Швајцарија, Холандија и Канада.

Петтата епизода од новата сезона, ќе го пренесе читателот во срцето на Шампионатот FIA на Formula E. Покрај Мишел Вајант, таму ќе бидат и останатите членови на DS , делот на спортскиот автомобил на марката DS со својата креација DSV-01, возилото кое се натпреварува за тимот на DS Virgin Racing.

Албумот Ренесанса ќе се продава по цена од 15,50 евра.