Марката DS го спонзорира проектот "Пирамида" во Лувр

По официјалната инаугурација вчера, на која присуствуваше и францускиот претседател Франсоа Оланд, директорот на музејот Лувр Жан-Лук Мартинез, и извршниот директор на марката DS Ив Бонфон, реорганизираниот влез во салите и капацитетите на Лувр се отвораат за јавноста денес.
Големиот проект наречен "Пирамида", која започна во 2014 година, го направи легендарниот влез во музејот поимпресивен од кога и да е, подобро опремен за 9те милиони посетители годишно во текот на нивната посета на музејот, без потреба за работа врз архитектурата на зградата. Спонзор на Лувр од 2015 година, марката DS е особено поврзана со пирамидата на Лео Минг Пеи, која претставува инкарнација на авангарден дух, така што природно ја даде својата поддршка за овој проект.
"Ако сте во потрага за она што Лувр и марката DS го имаат заедничко, тоа е нивната филозофија на постојано обединување во минатото и сегашноста за да се изгради својата иднина. Делиме заедничка визија врз основа на квалитет и елеганција, know-how и технолошки иновации – визија која го пренесува престижниот имиџ на Франција низ светот ", вели Ив Бонфон, главен извршен директор на марката DS, зборувајќи за поддршката на Лувр од 2015 година. " Ни се чинеше сосема природно за нас да придонесеме кон проектот пирамида. Работа на која ние сме особено приврзани во DS, бидејќи толку совршено го одразува авангардниот дух кој сакаме да го интегрираме ".
Започнат во 2014 година, а неодамна завршен, проектот пирамида сигурно ќе го подобри искуството на посетителите на музејот Лувр. Целта беше да се реорганизира холот под пирамида за да им понуди на 9те милиони посетители годишно на музејот попријатно добредојде. Проектот кој датира од 1989 година беше базиран на прогноза од 4,5 милиони посетители годишно. Денес, предизвикот беше да се најдат конкретни решенија за реновирање без да се направи било која измена врз архитектурата на објектот и без затворање на музејот на јавноста во текот на работата. И тоа е она што беше направено. Двојно повеќе контролни точки на влезот за да се обезбеди рамномерен тек на посетители, два шалтери за информации кои лесно се забележуваат и се заштитени од бучава, централизирано издавање на карти, поголеми површини за подготовка на тури … ова се некои од подобрувањата во кои може да се ужива почнувајќи од денес, заедно со новите простории во Pavillon de l'Horloge, кој исто така беше инаугуриран вчера.