May 16, 2014

МАРИЈАНА ГЕДИН ГО РАЗУБАВУВА DS WORLD PARIS

На 19 мај 2014, започнува 13то издание на D’DAYS (Designers Day’s) во Париз, Маријана Гедин, дизајнер и декоратор, го збогати DS WORLD PARIS со престижни цветни и уметнички дела. Дополнителен авантуристички шмек во уникатниот универзум целосно посветен на моделите на DS. По овој повод претставува нови креации меѓу кои се истакнуваат, миризлива свеќа « Midnight Platinium » и вазничка за еден цвет « Black Twister ». Вазата е специјално дизајнирана за DS, и е произведена во 50 примероци ексклузивно комерцијализирани во салонот на DS WORLD PARIS. За да се запознаете одблизу, посетете нè на
Улица : François 1er бр.33, во осмиот арондисман на Париз.

« Пресреќни сме што ова издание  DS WORLD PARIS ù го препуштивме на Маријана Гедин, одличен и талентиран уметник.  Нејзината креативна визија, нејзиниот сензибилитет и страст за дизајн идеално го одразуваат светот на DS кој ќе биде одбележан со реализации и изведби», изјави Жулиен Фо (Julien Faux), директор на DS WORLD PARIS.

 

Понесена од заедничките вредности на луксузноста на француски начин, традицијата и авангардноста, соработката помеѓу париското место посветено на светот на DS и Маријана Гедин која дава предност на елеганцијата и ексклузивноста. Однадвор, посетителите влегуваат во нова димензија на простор и време на поетски израз на уметникот. Однатре, прекрасни растителни креации го величат просторот на DS каде се изложени исклучителни модели на DS: DS 19 Cabrio од 1958 дизајниран од Шапрон, второто произведено возило а прво комерцијализирано.

 

« DS by Marianne Guedin »

Инспирирана од природата и обземена од шармот и елеганцијата на моделите DS, Маријана Гедин одлучи да создаде ефемерна градина, оригинална, во DS 19 Cabrio. Спојот на растителниот свет со автомобилот нуди вчудоневидувачки резултати. Посетете нè до средината на месец јуни.

Паралелно на изложбата, Маријана Гедин му нуди на DS WORLD PARIS, две нови креации кои ги претставуваат вредностите на DS : авангардност, ексклузивност и елеганција.

  • Вазничка за еден цевт « Black Twister » креирана ексклузивно за DS WORLD PARIS : креаторката е инспирирана од светот и дизајнот на моделите на DS, боите на местото за креирање на елегантна ваза со двојно дно. Оваа проѕирна ваза во себе вклучува воздушна црна топка, изработена од посебна обработка на стаклото , со што се постигнува поголема густина. Оригинален предмет, елегантен и деликатен, « Black Twister » за DS е спој на светот на дизајн и автомобилот.

Достапен во 50 примероци во салонот на DS WORLD PARIS. Цена : 180 €.

  • Миризлива свеќа « Midnight Platinium » потпишана од Маријана Гедин: оваа свеќа единствено и ексклузивно се продава во салонот на DS WORLD PARIS. « Midnight Platinium ». Стаклената чашка е обоена во нијанси со отсјај, а во внатрешноста се наоѓа восок со растително потекло. Незјиниот парфем е моќен и суптилен, дизајниран од Grasse, со мирис на ливчиња од црн чај apsang Souchong, сладун и влажна земја.

Достапен во 100 примероци, секоја свеќа е нумерирана и потпишана од Маријана Гедин. Цена : 165 €

Карактеристики : вкупна маса : 5 kg  / маса на восокот : 2,2 kg / време на горење > 200 h.

« Емотивниот товар на светот на DS и на неговите модели за мене се извор на огромна инспирација. Одбележување на историјата и постојано надминување на границите на дизајнот и технолошките пронајдоци се појдовната сила на марката DS. Секојдневно се посветувам целосно на оваа задача, со што секојдневието го трансформирам во среќа », објаснува  Маријана Гедин.

 

За да ги запознаете најновите креации на Маријана Гедин:

> посетете го салонот DS WORLD PARIS (33 rue François 1er, Paris 8e). Отоврен од понеделник до сабота од 10 h до 19h

> од 19 мај 2014 до 25 август 2014. Слободен влез.

 

Маријана Гедин, француски уметник вљубеник во природата и стаклото.

 Дипломирала на Високата национална школа за декоративни уметности, а своите почетоци ги направила кај светски познатиот цвеќар.

Во 2004, по десет години во возбудливиот париски круг, Маријана одлучи да креира вазни кои ќе постанат вистински растителни уметнички креации.

Во 2006, е прогласена за « Креаторка на годината Now ! Design à vivre » на Саемот на дом и предмети (прв саем посветен на декорација на ентериер), Маријана се одлучи за спој на искуството со стакло и нејзината огромна љубов кон цвеќињата за да создаде оригинална колекција на свеќи.

Денес Маријана Гедин е истовремено дизајнер, декоратор и наставник.

 

За DS WORLD PARIS

CITROËN отвори на 27 ноември 2013 нов продажен салон целосно посветен на светот на DS, DS WORLD PARIS. Поставен на златниот париски триаголник на улицата François 1ви бр.33, DS WORLD PARIS е истовремено продажно место, изложбен простор и историја на моделите DS : DS3, DS3 CABRIO, DS4 и DS5. Место на споделуавње на искуство, во текот на целата година и центар на уметнички и културни настани од светот на модата, дизајнот, гастрономијата со целосна почит и инспирарани од вредностите на DS. Дом на уметници, изложби, модно дефилеа, showcases кои го анимираат животот на DS WORLD PARIS. Отворен од понеделник до сабота од 10 h до 19 h 30, влезот е слободен. www.dsworldparis.fr