МАНИФЕСТ НА СЛОБОДАТА ИЛИ АВАНГАРДЕН ДУХ ОТЕЛОТВОРЕН ВО ОРИГИНАЛНО ДЕЛО ВО 3D

За време на меѓународниот саем на современа уметност во Париз, DS автомобили ја претстави својата најнова креација на социјалните мрежи, Манифестот на слободата.
Марката ќе сподели со своите фанови или поточно со своите естетски соработници, фајл за моделизација и отпечатување на своето оригинално дело во три димензии. Истиот може да се превземе до 25 ноември 2016 страната на Facebook и Twitter на DS. Целиот во движење овој Манифест е создаден од Дизајнерите во Центарот за стил на DS автомобили.
По повод Меѓународниот саем на современа уметност во Париз од 20 до 23 октомври, марката DS го претставува својот Манифест на слободата на социјалните мрежи Facebook, Twitter, Instagram
За Тиери Метроз, директорот на стил на марката DS, « новите процеси на дизајнирање кои ги применуваме кај DS ни овозможуваат слобода во креативноста, поместување на стереотипите, создавање на нови форми, надминување на сите ограничувања... Влегуваме во нова ера! » .
И да додадеме « Манифестот на слободата е производ на тимска работа на дизајнери и резултат на бројни истражувања за пронаоѓање на нови начини на дизајнирање. »
Постојано во движење, Манифестот на слободата е тридимензионална структура која произлегува од оригиналниот монограм на DS. Во челична боја на зелена основа Amétryne наликува на DS E-TENSE –возило кое ја најавува иднината на DS автомобилите.