ПРВА ПОБЕДА И МНОГУ НАДЕЖИ

Победниците во Мексико, Крис Мек и Пол Нагл ја започнаа сезоната на победи со Citroën C3 WRC. Трка добиена на земјена подлога – овој резултат е доказ на потенцијалот на возилото на Ив Матон. Започна плодната сезона за екипата Citroën Total Abu Dhabi WRT, кој ќе ги нареди на стартната линија трите автомобили на Трката на Корзика.
Оваа трка започна со најдолгата специјала на релито El Chocolate од 55 km. Благодарение на одличниот избор на пневматици и неговата стартна позиција, Kris Meeke ја зазема челната позиција во генералниот пласман. Британецот и вториот ден го заврши на лидерска позиција со 20’’9 пред Себастијан Ожије.
Во неделата останаа само « уште » две специјали да се поминат за да се освои првата победа за Citroën C3 WRC. Во El Calera, возачите на Citroën Total Abu Dhabi WRT остварија одлични резултати со првото место на Meeke и третото место на Lefebvre.
ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА ЕКИПАТА CITROËN C3 WRC НА ДЕЛО
По стивнување на страстите од викендот Ив Матон , директорот на Citroën Racing изјави. « Оваа прва победа на земјена подлога докажа дека екипата Citroën C3 WRC реализираа одлична тимска работа и сега може да ги собираме плодовите од неа ».
По оваа прва трка на земја, Citroën Total Abu Dhabi WRT целосно ќе се посвети на следната трка која ќе се вози на асфалт. На Трката на Корзика (6-9 април), ќе бидат ангажирани три возила Citroën C3 WRC за екипите Kris Meeke / Paul Nagle, Craig Breen / Scott Martin и Stéphane Lefebvre / Gabin Moreau.
5 : број на реализирани скречови на Крис Мек, најдобриот перформен на викендот
7 : број на возачи кои реализирале најмалку по еден скреч во Мексико
2,7 : просечна позиција на Kris Meeke при пристигнувањето во специјалите
1863,93 km : изминато растојание со C3 WRC од почетокот на сезоната