November 9, 2018

ЛИМИТИРАНА СЕРИЈА НА CITROËN C3 JCC+ НА ОНЛАЈН ПРОДАЖБА ВО ФРАНЦИЈА

Премиерно претставена на штандот на « La Maison Citroën » во рамки на Саемот на автомобили во Париз, лимитираната серија на C3 JCC+ отсега може да се нарача и онлајн на веб страната www.citroën.fr со избор на еден од начините на финасирање « Лизинг со можност за откуп » со рата од 254€/месечно.
Дизајнирана од Жан Шарл Кастелбажак (Jean-Charles de Castelbajac), оваа лимитирана серија, брои само 99 примероци, се истакнува со својот уникатен изглед и оригинален начин на комерцијализација.
Како иновативна марка инспирирана од своите купувачи и од нивниот начин на доживување на автомобилот, Citroën го менува традиционалниот начин на за купување на автомобил со воведување на продажба на оваа лимитирана серија која ќе биде 100% онлајн, со цел да се понуди ново искуство за поедноставно и сигурно купување на автомобил.

C3 JCC+ : 99 ПРИМЕРОЦИ ДОСТАПНИ НА ОНЛАЈН ПРОДАЖБА ВО ФРАНЦИЈА

C3-JCC-2_1400x800

 

ЛИЗИНГ ПОНУДА ДОСТАПНА ОНЛАЈН ВЕЌЕ ОД 254 € МЕСЕЧНО
Лимитираната серија на Citroën C3 JCC+, каде секој примерок е посебно нумериран со метална плоча од #1 до #99 која се наоѓа на основата на менувачот, секој по себе доказ за креативноста и модерниот начин на комерцијализација. Оваа лимитирана серија може да се купи онлајн на комерцијалната веб страна на Франција www.citroen.fr/vehicules-neufs/citroen/citroen-c3-jcc/description.html. Овој моден автомобил со уникатен карактер ви е на располагање од денес преку понудата за изнајмување со можност за откуп, во период од 3 години со учество од 2 500 евра и понуден договор за « Гаранција и одржување». Понудите варираат во зависност од изминатите километри во текот на периодот на изнајмување:
– 254 € месечно за изминати 30.000 km
– 265 € месечно за изминати 45.000km
– 288 € месечно за изминати 60.000 km

ПОЕДНОСТАВЕНО И СИГУРНО ИСКУСТВО НА КЛИЕНТОТ
Во согласност со новиот потпис на марката « Inspired by You », Citroën C3 JCC+ се инспирира од своите купувачи и нивниот начин на доживување на автомобилот со цел да понудат искуство кое истовремено ќе биде едноставно и сигурно онлајн купување кое ги има следните предности:
– Можност за купување 24 часа/седум дена во неделата:
Онлајн начинот на купување е на располагање со едноставно онлајн зачленување за финансирање,
– Едноставна процедура за купување :
Со само неколку кликови клиентот може да избере на веб страната Citroen.fr, понуда како и продажно место без никакви обврски за идентификација,
Клиенот потоа е пренасочен кон веб страната PSA Finance каде започнува процесот на валидирање на неговата нарачка, без потреба од физичко присуство,
– Сигурна постапка:
PSA Finance гарантира сигурна постапка на купување, со електронски потпис на договорот (преку партнерот Universign),
– Придружување на клиентот :
Разговор онлајн со советник за продажба како и телефонски број кои се располагање доколку има потреба од дополнителни прашања со цел да се поедностави онлајн купувањето,
– Место на испорака во непосредна близина на местото на живеење :
Купувачот може да го одбере продажниот салон каде ќе му биде испорачано возилото.

Забелешка : Примерок од оваа лимитирана серија на C3 JCC+ може се купи и во продажната мрежа во Европа за 22 950 €.

C3 JCC+ : ДИЗАЈНИРАН ОД ЖАН ШАРЛ КАСТЕЛБАЖАК

C3-JCC-3_1400x800

СПОЈ НА ДВЕ МОДЕРНИ ФРАНЦУСКИ КРЕАЦИИ
Производ на соработка на двајца француски визионери во светот на креациите во боја, модниот автомобил Citroën C3 JCC+ дизајниран од Жан Шарл Кастелбажак, се базира на третата генерација мултифункционално и персонализирачко градско возило C3, best-seller на гамата Citroën. Ова нова уметничка креација премиерно беше изложена на штандот на « La Maison Citroën » во рамки на Саемот на автомобили во Париз заедно со уметничкиот автомобил E-MEHARI, креативен дух и причина за живеење на Жан Шарл Кастелбажак : уметноста и модата. Интернационална марка со француско потекло, Citroën ја промовира оваа француска креација во лимитирана серија од само 99 примероци и монограмот JCC+ кој горделиво се истакнува на црната каросерија, како и вметоци во бои омилени на креаторот: црвена, сина и жолта.

УНИКАТНА КОНФИГУРАЦИЈА
Прекрасна, оваа лимитирана серија C3 JCC+ уште на прв поглед се истакнува со :
– Црната боја симбол на елеганцијата : каросерија во Црна Perla Nera боја, Airbump® и алуминиумски тркала од 17’’ CROSS Black,
– Црвена боја симбол на страста : со покрив во Црвена Aden боја со специјална декорација на шевроните, хоризонтална линија на наслоните на седиштата и дополнителни опшивки на теписонот кај патникот напред,
– Сина боја симбол на надежта : се наоѓа на четириаголните форми на Airbump® на рамките на магленките и на командната табла,
– Жолта боја симбол на сончевите зраци ( светлината) : на школките на надворешните ретровизори и на декоративни вметоците во воланот, на менувачот и на теписонот кај возачот,
– Монограмот JCC+ : во форма на налепница на фиксното стакло назад и на внатрешните огледала на штитниците за сонце.

Врз база на највиското ниво на опременост Shine, Citroën C3 JCC+ добива и богата дополнителна опрема за зголемување на комфорот и сигурноста зад управувачот со можности за максимално споделување со надворешниот свет преку интернет :
– Pack Safety 2 (Active Safety Brake, Предупредување при намалено внимание на возачот, Предупредување при опасност од удар, Автоматска промена на светлата, Самозатемнувачки внатрешен ретровизор),
– ConnectedCAM Citroën® (камера со голем агол на покривање 120°, full HD),
– навигација 3D Citroën Connect Nav на екран осетлив на допир 7’’,
– Citroën Connect Box соPack SOS и вклучена асистенција,
– Систем за надгледување на мртвиот агол и камера за движење наназад.

Под капакот на моторот, оваа лимитирана серија на Citroën C3 JCC+ се наоѓа најдоброто од понудата на C3 :
– Одличниот бензински мотор со високи перформанси : PureTech 110 S&S и автоматски менувач EAT6