ЛЕТЕЧКИТЕ ФИНЦИ НА CITROËN ГО ЗГРАПЧИЈА ВТОРОТО МЕСТО!
46-то Рели Финска (1 - 4 Август)

Второпласирани на домашен терен по квалитетниот настап во нивниот C3 WRC, Esapekka Lappi и Janne Ferm го оправдаа својот прекар “Летечките Финци”, локалната екипа која секоја година додава уште една страница во историјата на овој легендарен настан! Нивниот настап, осми подиум за Citroën Total World Rally Team оваа сезона, беше дополнет со солидното петто место за Sébastien Ogier и Julien Ingrassia кои, и покрај вчерашната повредата на францускиот возач, беа решени да издржат и да освојат значајни поени за шампионатот.
• Со последната трка во етапата на која отстапија минатата година, Esapekka Lappi и Janne Ferm знаеа дека дента пред нив претстои макотрпна работа . Нивното отстапување во 2018 исто така значеше дека тие немаат искуство во возење на втората етапа од круггот со полна брзина. Комплетно во контрола на случувањата од викендот во C3 WRC, Финците денес мораа да се прикажат во одлично светло. По ограничување на времето изгубено во нивната прва трка, но и потврдувајќи го своето време, тие јасно тргнаа кон третото место при вториот премин. Тие го изедначија своето до сега најдобро време со Црвената армија ( второпласирани во Шведска) и обезбедија крајно заслужен подиум на трката на домашен терен, како едноставна награда за нивниот неоспорен напредок!
• Овој втор подиум во сезоната за екипата Lappi-Ferm, шестти во нивната кратка WRC кариера, исто така е и осми во деветте рунди годинава за Citroën Total World Rally Team.
• Esapekka и Janne ги покажаа своите намери уште со самиот старт, поставувајќи го второто најдобро време – само десетинки подолу од водечкото време – на нивната прва етапа (19.34km). Тие потоа го потврдија својот ветувачки старт пристигнувајќи како трети на почетната етапа, само 2.4s под времето. Со комплетна доверба во C3 WRC на овие патеки каде нема простор за двоумење, тие беа дури и подобри во неделната етапа. Уште две етапни победи (SS16 & SS18) насред четирикратната битка за водство ги однесе на второто место, со згодно водство од 12.4s пред третопласираната екипа. Предност која мајсторски ја освоија на денешната финална етапа, како искусни компањони!
• Втори на патеката во петокот, а со тоа и посветени да го тргнат тенкот слој од чакал на патеката, Sébastien Ogier и Julien Ingrassia успеаа да го ограничат изгубеното време, завршувајќи го денот на седмата позиција, само 12.9s под подиумот. За жал, потоа Sébastien имаше нарушен ноќен сон откако се разболе и беше принуден да ги промени предвидувањата за неделната етапа. Тој и покрај тоа прикажа огромна упорност и решеност да се избори против исцрпеноста која ја чувствуваше, придвижувајќи се кон петтото место, со мала оддалеченост од четвртото место. По подобро отспиена ноќ, тој се врати на офасивата во неделата со истата тенденција, но го промаши четвртото место за само 2.7s. Освоените поени на оваа трка, вклучувајќи и 2 бонус поени заработени на Power Stage благодарение на поставувањето на четвртото најбрзо време, значи дека сеуште е втор во шампионатот за возачи и дека борба за седма последователна светска титула.