July 26, 2019

„LE RASSEMBLEMENT DU SIÈCLE“, CITROËN СЛАВИ 100 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ!

На иницијатива на колекционерите на марката (Amicale Citroën & DS France) во соработка со L'Aventure Peugeot Citroën DS, се одлучи клучниот настан по повод 100-годишнината на Citroën да се одржи во период од 19ти до 21ви јули на историското место la Ferté-Vidame (тајно историско место на марката на кое беше создаден моделот 2CV).

Овој меѓународен собир на колекционери на повеќе начини ветуваше дека ќе биде историски, со посетеност од над 11.000 колекционери на едно место, речиси 4.500 изложени возила, како и до 50.000 луѓе кој се очекуваа да присустваат на тридневниот настан.
Како активен поддржувач на самиот настан, Citroën го даде својот допринос со настани од културата- организација на специјална изложба и концерт.
Погледнете ги најинтересните моменти на настанот на следното видео: