Lacoste

Филозофија
Чист, едноставен и забавен, истовремено софистициран, Concept Citroën Lacoste поставува нови дефиниции за возилото на утрешнината: возило со желба да стави крај на слоганот « секогаш повеќе » кој често се појавува во светот на автомобилите.
Со надминување на сите предрасуди за компактен автомобил, Concept Citroën Lacoste го позиционира патувањето како оригинално искуство, авантура на чувствата за сите патници.
Citroën и Lacoste
Две имиња, Citroën и Lacoste, заедничка визија: култивирање на авантуристички дух, креативност и оптимизам. Дефинитивно Citroën, сочувувајќи го типичниот Lacoste, позициониран на раскрсница меѓу светот на автомобилот и спортскиот начин на живеење, ова concept car се наметнува во повеќе домени.
Некои детали повикуваат на светот на спортот на марката на крокодилот, чија релјефна графика се наоѓа на капакот на моторот. Concept Citroën Lacoste си поигрува со бои и материјали кои гарантираат величење на двете марки.
Дизајн
Модерен, елегантен, ова возило ја открива својата спортска морфологија: високо поставена линија на каросерија, проширени крила, минимално растојание од тркалата до крајниот раб, тркала поставени на аглите на возилото и тркала со дизајн на топка за голф.
Неговиот отворен физички изглед го привлекува вниманието и јасно ги истакнува сензациите во возењето благодарение на неговата инвентивна линија.
Хармоничност
Со Concept Citroën Lacoste, нема потреба од голема работна зафатнина за да се доживеат силни сензации. Бензински мотор со 3 цилндри, економичен и еколошки со перформанси адекватни за да го придвижат габаритот на возилото.
Овој модел поседува и пневматици со обемни димензии за одлично да се спојат со природата. На овој начин возачот се забавува со елементите кои му се на располагање.
Внатрешност
За негување на неговиот забавен карактер, едноставен и елегантен, ентериер во бели и темно сини нијанси со повеќе живи жолти додатоци.
Ентериерот на возилото е целосно посветен за олеснување на животот зад управувачот.
Сместување зад управувачот на Lacoste е сосема едноставно. На местото на вратата се наоѓа широк отвор во стилистичката изработка на возилото.
Креативна технологија
Зад управувачот на Сoncept Citroën Lacoste, забавната технологија го акцентира парадоксот меѓу концептуална контрола и лежерноста на тоновите. Овој модел не поседува фиксен покрив туку структура во форма на « T ».
Командната табла постанува екран со приказ на информации за возење на возилото. Иако на прв поглед има наивен изглед, вградени се најновите технологии.
Светлата се дискретни дури и невидливи кога се исклучени, затскриени под сината морнарска кожа на возилото.