March 9, 2018

“LA MAISON CITROËN” ОТВОРЕН ВО БРИСЕЛ

Концептот на урбан продажен салон “La Maison Citroën” за првпат отворен во Париз 2017 го продолжува своето проширување на интернационално ниво. Отсега ќе биде присутен и во Брисел каде ќе нуди топол престој и уникатно искуство со ресторан и бар!

Адреса: 54 Rue du Page, Брисел.

Во рамки на својата радикална трансформција за 360°, Citroën му нуди ново искуство на клиентот со нов концепт на продажните салони. На овој начин се роди “La Maison Citroën”, нов урбан концепт на продажен салон кој првично беше отворен во Париз минатата година, а денес постои на седум адреси во целиот свет: два во Париз, Франција (Париз 16 и Париз 14), два во Кина (Wuhan Hongtai и Anhui Weifeng), еден во Јапонија (Токио), еден во Колумбија и отсега еден во Белгија, Брисел. До крајот на годината се предвидени 25 вакви центри. Секоја нова адреса ја има истата амбиција: инвестирање во големите урбани центри и менување на традиционалниот начин на купување автомобил.20180212_083213

Впрочем, станува збор за намалена површина и ограничен број на изложени автомобили но поголемо искуство за посетителот: физичкиот пристап, топлиот амбиент ‘како дома’, но и дигитално искуство со светот на Citroën (3D конфигуратор, Citroën OriginsCitroën Advisor, итн.) со бројни интерактивни дисплеи. 268_981beЗа првиот city store во Белгија, гаражата Declercq се одлучи за ултра модерниот кварт на главниот град. “La Maison Citroën” Брисел се простира на 570 m² сервисна гаража и ја дели површината со новиот city store на марката Peugeot. Овој нов продажен салон “Maison Citroën” има една особина која го прави невообичаен салон за продажба на автомобили: располага со ресторан и со бар!045_981beПосетителот штом ќе влезе во салонот ‘La Maison Citroën’ во Брисел, веднаш чувствува дека се наоѓа во светот на марката, со изложба на најновиот модел. Клиентот има можност сам да го конфигурира својот нов автомобил на голем дигитален екран. 20180213_080337

Сервисот Declercq постои во Брисел од 1954, а во 2010 Кристијан Деклерк отвора ресторан покрај својот сервис. Многу брзо ова место постанало центар на збиднувањата во градот. Ресторан е составен дел од новиот city store во Брисел.