August 24, 2018

АПСОЛУТНА БОРБА

16 –ТО РЕЛИ ВО ГЕРМАНИЈА, ОД 16 ДО 19 АВГУСТ

И покрај неуспехот во Германија, Citroën Total Abu Dhabi WRT уште еднаш ги докажа перформансите на својот C3 WRC, со еден scratch и несомнени перформанси

ПРИКАЗНА ОД ТРКАТА

Втор во 2017 на овој терен, Citroën C3 WRC успеа да го оддржи нивото без да конкретизира резултат. Треба да напоменеме дека Craig Breen, петокот беше казнет и неговото место на тргнување беше многу оддалечено (10-ти) и тоа на подлога крајно валкана, на почетокот дури и беше жртва на локално невреме и бура (ES 3), кои го чинеа уште дополнителни петнаесетина секунди. Оттаму произлегува осмата позиција во првиот ден од релито. Автомобилот C3 WRC на Mads Ostberg не се снаоѓаше најдобро на таква подлога и затоа се појави на единаесеттата позиција, откако претпе и едно превртување (ES3) а попладнето се соочи и со проблеми со моторот. Но Craig Breen не се разочара и започна одличен ден во саботата, и тоа на најтешката етапа од викендот, поради патеки кои поминуваа низ воен камп и на бетониран но крајно оштетен пат. Пo остварен scratch (ES 11) и повеќе позитивни chronos, се искачи на шестата позиција и му направи голем притисок на петтиот, но кон крајот на денот направи голема грешка на последната ES што го однесе до десеттата позиција веднаш зад Mads Ostberg. Го потврди своето трето време како и идниот победник на рели трките во ES 11.  За жал неделата беше фатална за норвежанецот во црвената екипа, поради излетување од патот, додека Craig успеа брзо да се поврати назад за може да заврши како седми, но без да се истакне во Power Stage, со четврто време од 4’’2 на петократниот светски шампион.