ИСТОРИСКИ, КУЛТЕН И ПОПУЛАРЕН: 2 CV ГО ПРОСЛАВУВА СВОЈОТ 75-ТИ РОДЕНДЕН

- Citroën го прославува 75-тиот роденден на својот култен и долготраен модел: 2 CV, произведен во 114.969 примероци помеѓу 1949 и 1990 година.
- 2 CV влече корени од проектот „TPV“ („Toute Petite Voiture“ или „многу мал автомобил“) во 1936 година – кој имал за цел да ги направи автомобилите сестрани, економични и достапни.
- Моделот стана легенда, изградена на глвните столбови на марката: популарен, комфорен, едноставен, издржлив и достапен.
- За да се прослави оваа пригода, осум култни и вредни 2 CV модели се фотографирани во конзерваториумот на Citroën. На 7. Октомври, се организира собир од 75 2 CV, отворен за публиката во Конзерваториумот во Aulnay-sous-Bois.
Citroën го прославува 75-тиот роденден на најкултниот модел: 2 CV. Дизајниран во дизајнерската канцеларија на Rue du Théâtre во Париз и фино дотеран во центарот за тестирање во регионот Eure-et-Loir, а претставен на публиката на Саемот за автомобили во Париз на 07. октомври 1948 година. 2 CV уживал исклучителна кариера: произведени се вкупно 5,114,969 единици, вклучувајќи 1,246,335 2 CV Van возила. Последниот 2 CV ја напуштил фабриката Mangualde во Португалија 42 години по претставувањето во 16 часот на 27. јули 1990 година.
ПОТЕКЛОТО НА 2 CV: ПРОЕКТОТ„TPV“
Проектот „TPV“ („Toute Petite Voiture или многу мал автомобил) е роден во средината на триесетите, поточно 1936 година. Неговата цел била да им обезбеди на луѓето со ниски примања економичен, сестран автомобил. Во 1937 година, првиот прототип во возна состојба од проектот „TPV“ го видел светлото на денот, со тежина од само 370 kg и со само едно предно светло (законите во тоа време не барале две). Возилото можело да превезува до четири лица и 50 kg багаж при максимална брзина од 50 km/h и бил исклучително комфорен.
250 модели во пред-производство биле подготвени за претставуавњето на Саемот за автомобили во Париз 1939 година. Но разгорувањето на војната го попречила настанот. Моделите кои биле направени биле уништени – сите освен четири што тајно се чувале во Центарот за тестирање на Citroën.
ЛЕГЕНДАРЕН АВТОМОБИЛ ШТО ПРЕРАСНА ВО КУЛТ ВО АВТОМОБИЛСКИОТ СВЕТ
Кога влезе во производство во јули 1949 година, 2 CV беше мал автомобил со 9 bhp, 375 cc, разладуван со воздух, со мотор flat-twin способен да развие брзина од 50 km/h. Citroën ја револуционизира автомобилската индустрија со економичен и сестран автомобил.
Неговата уникатна форма на каросерија и изглед брзо освоил голем дел од популацијата. Но, неговиот огромен успех може исто така да се придодаде на бескрајниот број начини на употреба, како и отстранливите клупи, неговата леснотија, агилност и комфор. Да не зборуваме за фактот дека бил ултра економичен за возење, што го направил најпопуларен автомобил. До 1950 година, нарачките пристигнувале, туркајќи ги роковите за испорака и до 6 години.
Неговиот авангарден дух, со генијални технологии за тоа време, обезбедија да остане дел од автомобилската сцена уште многу години. 2 CV е безвременски модел што прерасна во вистински општествен феномен што ги привлекува колекционероте од целиот свет. И сѐ уште не ретко е виден на нашите улици.
2 CV е исто така поснат низ светот на многу различни начини, а неговото реноме направи да заработи бројни прекари. Некои од најпознатите се „Deuche“, „Deudeuche“ и „Грдо пајче“, колку да спомнеме неколку. Оваа широка разноликост на прекари покажува само колку бил популарен овој историски и култен модел.
НЕКОЛКУ ВЕРЗИИ И ЕПОВИ ПО СВЕТСКИТЕ ПАТИШТА
Вкупно, имало десен специјални изданија на 2 CV, претставени во Франсија и во бројни европски држави. Вклучително Spot, Charleston и Cocorico. Исто така 2 CV доживеал низа промени, вклучувајќи претставување на CV van (познат како 2 CV AU) во 1951 годиа, а потоа 2 CV AZ во 1954 година, опремен со мотор 12 bhp и познатата центрифугална спојка.
Дотолку повеќе, 2 CV морало да се вози по патиштата низ светот благодарение на различните трки – како што е 16,500 km Paris-Kaboul-Paris во 1970 година, 13,500 km Paris-Persépolis во 1971 трка и 8,000 km во Africa од Abidjan до Tunis во 1973 година, сите три во организација на Citroën.
ПРОСЛАВА НА ГОДИШНИНАТА НА 7 ОКТОМВРИ ВО КОНЗЕРВАТОРИУМОТ
На 7. Октомври, следи автомобилски настан што не се пропушта: прослава на 75 годишнината од легендарниот Citroën 2 CV во Конзерваториумот на Citroën. Настанот ќе биде отворен за публиката и ќе биде незаборавен ден за фановите на Citroën fans, класичните автомобили, ентузијастите и љубопитните. Посетителите исто така ќе имаат и можност да го посетат Конзерваториумот, кој е дом на околу 250 култни модели, обезбедувајќи фасцинантен поглед на богатата историја на Citroën
ОСУМ КУЛТНИ МОДЕЛИ 2 CVS ФОТОГРАФИРАНИ ВО ЧЕСТ НА ПРИГОДАТА
За да се одбележи оваа годишнина, осум култни модели 2 CV од Конзерваториумот на Citroën се фотографирани од особено уметнички агол:
- 2 CV 6 од Hermès, преслечен од Hermès одвнатре и однадвор, бил претставен на Саемот за автомобили во Париз во 2008 за да се одбележи 60-тиот роденден на 2 CV.
- 2 CV 6 Spécial, еден од последните модели 2 CV произведен во фабриката Levallois во 1988 година
- 2 CV Spot, првото специјално издание на Citroën, од кои 1,800 се направени со дво-бојни навлаки и каросерија врз база на дизајн од стилистот Serge Gevin.
- 2 CV A, еден од 250 прототипи направени во 1939 година за Саемот на автомобили во Париз, што завршил со откажување поради Втората Светска Војна. Еден од четирите автомобили кои останале во Конзерваториумот на Citroën.
- 2 CV A Berline (1950), идентичен на оној претставен од Pierre Boulanger на отворањето на Саемот за автомиобили во Париз во 1948 година.
- 2 CV A со волан на десно, направен во Slough (UK) од 1953 година. Имал багажник од лим и отворање на задните стакла. До денес, ова е најстариот британски 2 CV во Европа.
- 2 CV AZU, 2 CV van произведуван од 1954 година до март 1978 година, има голем товарен капацитет и врата на багажникот за едноставно товарење.
- 2 CV 4 x 4 „Sahara“, со возење на четири тркала и два мотори што овозможуваат совладување на наклон од над 40 насто во песок.