ИНСПИРИРАН ОД 2CV FOURGONNETTE, CITROËN BERLINGO ПАТУВА НИЗ ВРЕМЕТО СО CASELANI

- Италијанската компанија Caselani со здружени сили со дизајнерскиот тим од Citroën до метаморфоза на Citroën Berlingo во 2CV Van.
- Потсетувајќи се на стилот на 2CV тип AU, оваа трансформација претставува полн погодок на легендарниот модел на марката – стил кој оставил белег низ генерациите.
- Оваа трансформација, која се состои од сет за каросерија во старински стил монтиран на надворешниот дел на моделот, целосно заоблен преден дел, импозантна решетка во облик на распламтена буква М, која гордо ги прикажува масивните шеврони на Citroën, големи тркалезни фарови, брановидни плочи од страните, во задниот дел и кровот.
- Комерцијализиранo од страна на Caselani под официјална лиценца на Citroën, Berlingo 2CV Fourgonnettе ќе биде достапно како комерцијално возило во големина М (4,40m), а потоа ќе се произведе и верзија за превоз на патници, со сите вклучени мотори вклучително и електричен.
- Со ова Berlingo се заокружува во целост гамата која го вклучува и Type HG van на основа на Jumpy и Type H базиран на основа на Jumper.
Citroën Berlingo располага со безброј стилски компоненти кои му оддават почит на митскиот 2CV Fourgonnette AU (U се однесува за комерцијални возила) претставен во 1951 година кој уживаше голем број лојални следбеници со своите бројни изведби сè до 1987. Berlingo 2CV Fourgonnette претставува модерна реинтерпретација која ги содржи сите елементи поврзани со денешното Berlingo, кога станува збор за архитектура, товарен капацитет, модуларност, технологија во патничката кабина и перформанси на патиштата.
«Исклучитечно сме горди што нашето најпродавано возило Berlingo е повторно во центарот на вниманието благодарение на Caselani, црпејќи инспирација од култниот модел 2CV Fourgonnette, кој ја обележи историјата на Citroën како и автомобилскиот сектор пошироко. Скицата беше иницирана во студиото на производителот на каросерии. Оттаму, започна нашата заедничка работа. Нашите дизајнери внимателно ја следеа работата, за да осигураат премногу буквално да не се интерпретира оригиналниот 2CV Fourgonnette, туку резултатот навистина да има гени од Citroën.
Обработката на површините и волумените е направена со помош на дигиталните алатки со кои сме навикнати да работиме, што му се дава модерна нота на возилото .» изјавува Pierre Leclercq, Раководител за Citroën Style.
- ПАТУВАЊЕ НИЗ ВРЕМЕТО ЗА CITROËN BERLINGO
Caselani го користи бранот на старински тренд, добро втемелен во италијанската автомобилска култура. Овој тренд е воочлив како кај возилата наменети за поединци, така и кај возилата за професионална употреба – вклучува давање нов живот на легендарен модел од минатото, со истовремено вклучување на сите модерни опреми и врвни перформанси што може да се најдат кај сегашното возило.
Во конкретната трансформацијата извршена на Berlingo, станува збор за реинтерпретација која прави паралела помеѓу успехот на пионерскиот фургон и на Berlingo Van кој е главен играч во својот сегмент во Европа од неговото претставување во 1996 година, со сите три генерации кои имаат вкупно повеќе од 1 891 196 продадени примероци. Тој е втор во својот сегмент во Европа на крајот на август 2022 година со пазарен удел од 17%. Сестрано возило кое знае како повторно да се реосмисли со текот на годините, креатор на сегментот MPV, тоа е претходник на многу иновации меѓу кои и интегрираната кабина, трите седишта напред, електричната рачна сопирачка или неодамна индикаторот за преоптоварување од најновата генерација. Тоа претставува исто така едно од првите електрични возила van кои беа претставени во 2013 година.
Оваа студија за стилот на Berlingo, Caselani му ја довери на дизајнерот David Obendorfer кој веќе го дизајнираше новиот Type H врз основа на Citroën Jumper во 2017 година и новиот Type HG за Jumpy/SpaceTourer во 2020 година. Така, палетата на фургони на Citroën потпишани од Caselani сега е комплетирана .
«Спецификациите на дизајнот не вклучуваа едноставно копирање на строгите сензуални форми на стариот фургон, туку повеќе вклучуваа навраќање во времето и враќање на неговиот уникатен шарм на возило од 21 век. Berlingo, како далечен потомок, беше комплетно дизајниран со почит кон 2CV од 1950-тите. Тоа беше возбудлив предизвик затоа што оригиналното комбе имаше сосема различни пропорции од оние на Berlingo: многу краток преден дел, многу издолжена хауба и визуелно независен простор за товарење. Токму затоа се насочив на севкупниот евокативен аспект на изворниот модел, наместо да работам индивидуално на секој дизајнерски елемент за да изгледаат како 2CV Fourgonnette. », објасни David Abendorfer, Дизајнер во Caselani
СТИЛСКИ ЕЛЕМЕНТИ КАРАКТЕРИСТИЧНИ ЗА НЕО-РЕТРО КАРАКТЕР
Berlingo 2CV Fourgonnette е модерно претставување на „стил на живеење“, црпејќи инспириција од митскиот 2CV AU (U за комерцијално возило) лансиран во 1951 година, кој беше голем успех во своето време со речиси 1 247 000 продадени примероци и неговиот потомок 2CV AZU од 1954 год. Безвременските кодови на оригиналниот ван не се заборавени:
- Изгледот напред кај Berlingo е во целост ревидиран за да се откријат повторно цртите на ликот карактеристични за 2CV од минатото. Решетката напред, фаровите, браниците сега се заменети со нови делови од фиберглас приспособени на структурата во која се сместени клипови и штрафови за нивно фиксирање. Склопувањето на овие елементи се изведува во работилниците на Caselani во северна Италија во Ломбардија.
- Испакнат капак во форма на буквата V кој се стеснува во долниот дел. Во неговиот централен дел, брановидна форма која се протега долж речиси целата површина на возилото.
- Кружните предни светла се делумно откачени од капакот на моторот, се вклопуваат во него, за разлика од оригиналните фарови кои беа целосно. Посовремена интерпретација со елементи кои се вклопуваат во остатокот од возилото.
- На моделот 2CV веќе постоеја ниско-релјефни структури кај лаковите на тркалата кои служеле за вентилација на моторот.
- Решетката може да се препознае по нејзиниот горен дел исечен на конкавен начин (или во облик на М разгорено нагоре), атрактивен и симболичен дел од 2CV AU. Големите хромирани шеврони се нагласени, потписот на брендот, поставени точно во центарот на решетката видно изразени, со цел да се истакнат уште повеќе.Сите овие се елементи го обликуваат идентитетот на fourgonnette, поврзувајќи го со историјата и угледот на Citroën. Голема заобленост во предниот блок која формира тело со обликот на капакот како во минатото, неговата импозантна решетка се спушта многу ниско во континуитетот на капакот, што дава впечаток дека калниците лебдат и се вклопуваат во ова ремек дело. Линијата нацртана над светлата за магла се протега долж целата ширина на возилото дополнително го засилува овој ефект. Го стабилизира и проширува предниот дел на возилото, воедно го зајакнува и робусниот карактер.
- Браниците се визуелно на пониско ниво од оние кај Додека кај 2CV беше хромиран, новиот е во бела боја, за да создаде контраст со основата, со што се потенцира елементот на заштита кој му носи и чувство на модерност.
- Страничните и задните врати, како и покривот се покриени со втора обвивка која се наоѓа на врвот на каросеријата на Berlingo.Овие елементи од фиберглас се имитација на брановидниот лим кај 2CV, карактеристично обележје на возилото, сега се чисто декоративни. Порано, тие имале вистинска функција, за обезбедување ригидност на структурата. Овие пругасти елементи и преработениот, подигнат покрив се стилска желба да се оддели патничкиот простор од товарниот дел на возилото, карактеристика веќе видлива кај стариот фургон.
- Во задниот дел на возилото, на секоја врата постои мало вертикално прозорче заоблено во горниот и долниот дел, верно на обликот како кај 2CV. За зголемен модерен изглед, густиот црн залепен слој околу прозорците веќе го нема. Кога станува збор за светлата при сопирање и движење наназад, нивната совршена тркалезна форма е истакната благодарение на нивната големина како и црвена рамка која ги прави повпечатливи и им дава современа перцепција.
- Хромираните елементи се појавуваат на различни клучни местана возилото, што е уште еден знак на стилските детали што ги носи 2CV. Ова е случајот со фаровите, централниот раб на капакот на моторот, решетката со шеврони и нејзината контурна лента, оригиналните капачиња сè уште произведени до денес или хромираната рачка на фаровите што се користела за нивно отворање за замена на сијалиците . Само рачката за отворање на капакот не е преземена.
- СИТЕ АДУТИ НА МОДЕРНОТО ВОЗИЛО
Fourgonnette 2CV во својата епоха го размрда својот сегмент со својот изглед и со своите перформанси. Комерцијалната верзија може да развие средна брзина од 40 до 50 km/h и да превезува до 250 kg товар (плус и возачот во предвид) и корисен товар до 1,88 m3.
Денес, бучавата од моторот со два цилиндри како и рачката кај отворот на решетката се отстранети. Се разбира, Berlingo 2CV Fourgonnette го нуди најдоброто од својата епоха кога станува збор за комфор, просторност, модуларност и безбедност.
Berlingo Van може да превезе 3 лица (5 во верзија која е наменска за патници), побрз е од претходно, поголем е, за што сведочи неговата носивост, која е четирикратно зголемена, достигнувајќи и до 1 тон и корисниот волумен, кој е речиси тројно зголемен за да достигне 4,4 m3.
Практичен и агилен благодарение на неговата компактност, со понуда на простор во патничкиот дел на најдобро ниво, што го прави ова комерцијално возило идеална алатка за занаетчии и трговци. Благодарение на кабината Extenso® Cabin, можност да се ослободи корисна должина до 3,09 m (големина M) со повлекување на совозачкото седиште.
За олеснето возење, товарење и управување, Berlingo Van на располага има 18 технологии за помош при возењето и 4 технологии на поврзаност, како што е head-up дисплеј во боја, пристап и управување со возилото hands-free, индикатор за претовареност, камера rear vision за движење наназад која го покажува опкружувањето, како и Active Safety Brake, контрола и стабилност при влечење, Grip Control со Hill Assist Descent и систем за надгледување на мртов агол.
Во каталогот за комерцијално возило на располагање се Diesel 1.5 BlueHDi, бензин 1.2 PureTech или автоматскиот менувач EAT8, како и електричната верзија која овозможува патување до 275 km дневно без бучава или вибрации, нема загуба од својот корисен волумен и чија 80% од батеријата се полни за 30 минути на јавен полнач. ë-Berlingo Van нуди функции за одложено полнење и термичко подготовка за прилагодување на температурата во патничкиот простор.
- СО МОДЕЛОТ CITROEN BERLINGO 2CV FOURGONNETTE ДО КОМПЛЕТНА ПОНУДА ОД ТИП H
Во 2017 година, по повод 70 години од Type H комерцијализиран помеѓу 1948 и 1981, продаден во околу 500 000 примероци, компанијата создаде комплет за каросерија базиран на Citroën Jumper, а во 2020 година вниманието го насочи кон Jumpy/SpaceTourer.
Кога станува збор за естетска трансформација, техниката е иста за сите три фургони на Citroën. Кај предниот дел, каросеријата ( капакот, браниците и страничните панели) се заменети со елементи од плексиглас. Страничнитe,задните и кровните делови се опремени со панели кои се залепени директно на каросеријата. Тркалезните фарови кои ги заменуваат оние кај комерцијалните возила за да се стекнат со винтаж стил и со силен карактер од Type H или од 2CV Fourgonnette.
Комплетот Type H е компатибилен со сите силуети на Jumper (L1 4,96 / L2 4,95 / L3 5,99 / L4 6,30) и комплетот HG е достапен во сите верзии на Jumpy /SpaceTourer (XS 4,60 m / M 4,95 / XL 5,30) и сите изведби се достапни кај изведбите на фургони во каталогот на Citroën, како што се застаклени фургони, со платформа, кабина со плато, кабина со шасија, мини бус, адаптирани van, за достава на храна итн.
Трансформацијата на Jumper во Type H претставуваше вистински предизвик. Најголемиот фургон на Citroën нема правоаголна форма, има сопствен дизајн со надворешни изразени линии, додека останатите се закривени. Комплетот е обработен за совршено да се вклопи во каросеријата на Jumper и да создаде цврст спој помеѓу металната конструкција на основното возило и панелите од фиберглас. Дизајниран е моноблок за да се опреми предниот дел на возилото. Предниот крај и капакот се обликуваат заедно за да се поедностави склопувањето и да се зацврсти површината. Вистински технички подвиг кој му дава на Berlingo 2CV Fourgonnette решителен и отпорен карактер.
«Како апсолутен љубител на 2CV и HY van, поседувам колекција на стари модели на Citroën. Мојата сопруга е исто толку страсen љубител на марката како и јас, бидејќи патуваше низ Европа во 2000-тите зад воланот на Type H трансформиран во возило за кампување. Кога семејството се зголеми, се појави идејата за создавање доволно пространа и удобна HY: зошто да не ја користите актуелната архитектура Jumper и да не прикачите панели од фиберглас на неговото тело? Потоа сѐ си дојде на место… На тимовите на Citroën Style им беше претставен прототип кои беа придобиени со предлогот. Производството започна во 2017 година и се прошири на неговиот помал брат во 2020 година. За да ја комплетираме нашата палета со комерцијални возила на Citroën, единственото нешто што недостасуваше беше Berlingo. Комбето сега го претставува својот комплет 2CV Fourgonnette, чиј дизајн е заеднички резултат на работата на тимовите Caselani и Citroën. Воодушевени сме што го гледаме пријателското лице на ова култно комбе што ги одбележа 1950-тите“, вели Fabrizio Caselani, Директор на Carrosserie Caselani.