ФУТУРИСТИЧКИ ИНОВАЦИИ НА МАРКАТА DS НА САЕМОТ НА АВТОМОБИЛИ ВО ПАРИЗ

Француска марка родена во Париз, DS се чувствува горда што ги прави првите чекори на Саемот на автомобили. Официјално создадена на први јуни, марката DS јасно ги покажа своите амбиции и цели: овозможи францускиот автомобил да заземе место во високата гама. На саемот ги претставува концептите кои ја откриваат иднината на марката со DIVINE DS и DS 3 INES DE LA FRESSANGE PARIS CONCEPT. Ги изложува и најновите модели, DS 3 и DS 3 CABRIO nouvelle signature со новите услуги. Штандот на DS е дизајниран да ве внесе во светот на марката која е спој на ексклузивност, технологија и елеганција.
Саемот на автомобили во Париз ги отвори вратите и е идеален повод за марката DS да го обелодени своето постоење и својата посветеност. DS нуди возила кои се разликуваат со својот Burberry Sweaters извонреден стил, елеганција до најситни детали, употреба на скапоцени материјали и нивната технологија. Вистински ѕвезди на саемот во Париз се двете концепт возила кои овој месец се претставени за медиумите:
– DIVINE DS, одраз на стил, концентрат на својствата на марката и на нејзината иднина. Компактно концепт возило со четири врати и моќен и рафиниран стил. Покрај надворешниот стил, DIVINE DS се истакнува со оригинална внатрешност која е инкарнација на авангардноста и софистицираноста на DS. За ова концепт возило, дизајнерските екипи ја докажаа својата креативност и создадоа концепт « Hypertypage ». Овој концепт претставува спој на три ентериери кои меѓусебно може да се надоврзуваат.
– DS 3 INES DE LA FRESSANGE PARIS CONCEPT, возило одраз на елеганција, ексклузивност и модернизам. Креација на центарот за стил на DS и модната икона Инес де ла Фресанж Париз, ова концепт ittonline возило нуди дизајн инспириран од париската ултра модерна икона која зрачи со својата за енергичност и независност. Облечен е во маслинесто сина боја со сатинест сјај и покрив во црна оникс боја со бисерен сјај и нови фелни од 17’’ Aphrodite со дијамантски дизајн. Стилизиран концепт кој е инкарнација на париската висока мода и потенцијалот на персонализација на DS 3.
Покрај овие две концепт возила кои ја најавуваат иднината на DS, посетителите може да се запознаат и со најновите модели на марката како и новите услуги кои ги нуди со интернет поврзување со DS CONNECT:
– Scan MyDS, смартфон апликација за полесна употреба на возилото со визуелно препознавање;
– DS Connect Box, за поголема сигурност за повикување помош со локализирање.