July 1, 2015

ФАБРИКАТА PSA PEUGEOT CITROEN ВО SEVELNORD ГО ПРОСЛАВИ ПРОИЗВОДСТВОТО НА 2500000-ТО ВОЗИЛО.

За да го одбележи овој настан, марката му го предаде клучот од CITROËN Jumpy на VEHIPOSTE. VEHIPOSTE има соработка со CITROËN веќе десет години. Во текот на изминатите пет години, марката произведе речиси 25.000 возила за компанијата, подружница на француската поштата.

За одбележување на производството на 2500000-то возило, фабриката Sevelnord го предаде клучот од CITROËN Jumpy на VEHIPOSTE, клиент на CITROËN речиси десет години. Оваа испорака е дел од договорот за производство на 1.200 возила во период од две години.

Оваа соработка ја илустрира способноста на CITROËN да се прилагоди кон барањата на клиентите. За да се задоволат барањата на La Poste, француската пошта, инженерите во фабриката Sevelnord работеле со Faurecia да се развијат два типа на возила за возниот парк на

VEHIPOSTE: “застаклени” возила за пренос на писма и затворени фургони за пренос на пратки. Овие возила се опремени со посебни седишта за исполнување на ергономските барања на La Poste, развиени и произведени од страна на вработените во PSA Peugeot Citroën групацијата. Заедно со дизајнот на специјалните нови седишта, во фабриката се вршат уште дополнителни единаесет прилагодувања на VEHIPOSTE возилата, вклучувајќи и ограничување на брзината до 110 километри на час, интеграцијата на eco-driving и геолокациски модул кај застаклените верзии, како и специјални шарки. Произведен во повеќе од 530.000 примероци од неговото прво лансирање во 1995 година,

CITROËN Jumpy е ергономично комерцијално возило со оптимизиран капацитет. VEHIPOSTE го избра Jumpy поради неговиот модуларен дизајн, удобност и управливост. Робустен и лесен за управување, тој е совршено прилагоден за посебните потреби за дистрибуција на поштата.

Признаен како динамично, многустрано возило, Jumpy се прилагодува на сите ситуации со волумен до 7 m3, голем број на уреди за помош во возењето, лесно се товари благодарение на лизгачките странични врати и задните врати со отворање на 180 °. CITROËN Jumpy ја зголеми продажбата во однос на 2014 година со повеќе од 3.500 произведени комерцијални возила на крајот на мај 2015 година.