Кон содржината
Електрични возила за сите

CITROËN ELECTRIC FOR ALL

Електрично возење за сите инспирирано од сите 

CITROËN ПОВЕЌЕ ОД 100 ГОДИНИ СОЗДАВА АВТОМОБИЛИ ДОСТАПНИ ЗА СИТЕ

И продолжува!

Уште од 1919 година, Citroën континуирано создава автомобили достапни за широка употреба. Денес, марката продолжува по истиот пат во ерата на електричната мобилност правејќи ја достапна за сите.

 

Вашите потреби за мобилност се менуваат и зелената мобилност станува сѐ поважна за вас, па така Citroën мораше да вклучи и Watt-и! Стогодишната марка сега нуди избор на енергија во зависност од моделот, со 100% електрични или plug-in хибридни мотори, инспирирани од вас и вашиот секојдневен начин на живот во автомобилот.

КОЈ Е ВАШИОТ ЕЛЕКТРИЧЕН ПРОФИЛ?

Plug-in Hybrid

Дали возите на кратки релации во текот на неделата, но сакате да избегате од сѐ за време на викендот? Plug-in Hybrid е создаден за вас. C5 Aircross SUV овозможува да патувате во 100% електричен режим, но и да се префрлите на режим за внатрешно согорување за долги патувања.

100% електричен

Најчесто секојдневно патувате на кратки дестинаци и на рутата имате лесен пристап до решенија за полнење. Сакате да заштедите и да бидете еколошки одговорни?

 

Ви сте за 100% електрично возило!

ОПТИМИЗАЦИЈА НА ОПСЕГОТ ЗА ВОЗЕЊЕ

Citroën објаснува сѐ што треба да знаете за автономијата на plug-in hybrid или електрични возила.

РЕШЕНИЈА ЗА ПОЛНЕЊЕ

Како го полните вашето електрично или хибридно возило?

За да дознаете сè за секојдневно полнење, откријте ги достапните решенија за полнење.

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

АВТОНОМИЈА

Колку далеку можам да патувам со моето електрично возило?

Прашањето за автономија на дневна основа, без разлика дали се однесува за кратки или долги патувања, природно се наметнува при изборот на електрично возило.

Citroën се нуди да одговори преку разновидна палета за да одговори на вашите потреби.

Опсегот за возење на нашите возила е даден според протоколот WLTP (Worldwide harmonized Light Vesiles Test Procedures) овозможувајќи им на корисниците попрецизен и пореален приказ на вредностите за автономија според реалната употреба на возилото.

 

 

Во WLTP циклус

До 55 km: C5 Aircross Hybrid SUV и до 650 km во режим со внатрешно согорување

До 75 km: Citroën AMI 100% електричен

До 260 km: Citroën Jumper 100% електричен

До 275 km: Citroën Berlingo Van 100% електричен

До 330 km: Citroën SpaceTourer 100% електричен

CitroënJumpy 100% електричен

До 350 km: Citroën 100% електричен.

 

За повеќе детали за автономијата на одредено возило, истражете ги наменските страници за возилото. 

 

Исто така, треба да знаете дека реалниот опсег за возење на вашето возило зависи и од неколку фактори:

● Брзина,

● Користење на греење, климатизација,

● Стилот на возење,

● Товарот што се пренесува.

Кои се факторите кои имаат најголемо влијание врз опсегот за возење кај електрично возило?

Постојат главно 5 фактори кои влијаат на опсегот за возење кај електрично возило:

● Брзина: колку побрзо возите, толку повеќе трошите електрична енергија. Со 130 km/h опсегот за возење е поделен со 2. На автопатската мрежа достапни се суперполначи. Време е за кафе пауза, ручек и можете да вратите и до 80% автономија за околу 30 минути.

● Температура:

         ø Климатизација / Греење: губење на автономијата од 10 до 30% во зависност од моделот.

Препорачливо е да го програмирате греењето или климатизацијата пред да го земете воланот, се додека е приклучено полнењето. Термичката подготовка е можна од вашиот паметен телефон преку апликацијата My Citroën.

         ø Ладење: губење на автономијата од околу 5% кога надворешните температури се под 0° C.

● Стил на возење: Забележано е губење на опсегот за возење од околу 10% при спортско возење.

● Превезениот товар: Колку повеќе е натоварено вашето возило (багаж, товар), толку помалку ќе биде важна неговата автономија.

● Абење: Губење од околу 10% до 15% по 5 години користење или 75.000 km. Во Citroën, батеријата има гаранција 8 години или 160.000 km за полнење од 70% од нејзиниот капацитет.

Дали може да се врати енергијата при возење? 

За 100% електрични и plug-in хибридни возила, достапен е режим Brake:

● Овозможува враќање на енергијата за време на фазите на успорување,

● Режимот Brake, поврзан со флуидно возење, може да го оптимизира опсегот за возење за 20% во градот.

Како да го проверам опсегот за возење на моето возило?

Во електрично возило, како и кај конвенционално со мотор со внатрешно согорување, електричниот опсег за возење се проверува на следниов начин:

За 100% електрично возило:

● Автономијата се прикажува веднаш до брзинометарот,

● Автономијата се пресметува во реално време земајќи ги предвид различните фактори кои можат да влијаат.

 

За plug-in хибридно возило:

● Мерачот ја прикажува преостанатата електрична и топлинска автономија на еден екран,

● Син индикатор сместен на ретровизорот дава до знаење кога сте во 100% електричен режим.

ПОЛНЕЊЕ

Како да го полнам моето возило?

Без разлика дали сте дома, во канцеларија, на излет во близина или на подолго патување, достапни се многу решенија за полнење.

 

Во домашни услови, најкористено решение за полнење: со ова решение за полнење, искористете ја ноќта за да ја вратите сета автономија. На приклучок или Wall box, на вас е да изберете според километрите што ги поминувате секојдневно, можностите за полнење надвор, она што најдобро одговара на вашите потреби.

 

Во канцеларија: за физички лица, информирајте се во компанијата за можностите за полнење на паркинг на вашето работно место.

 

Сè повеќе и полесно можете да најдете решенија за полнење на улица: во градот кога излегувате, на паркиралиштата во трговските центри или супермаркетите, ... 

 

И на автопат, можете да користите од станиците за брзо полнење што овозможуваат брзо да вратите голема автономија.

Колку долго се полни моето возило?

Времето на полнење зависи од неколку фактори како што се моќноста на батеријата, но особено и од избраниот тип инсталација.

Постојат неколку типови терминали, за домашни услови или јавни, со неколку нивоа моќност. За да дознаете сè за различните достапни решенија за полнење и времето за полнење, разгледајте ја наменската страница.

За секое возило, имате достапен симулатор за време на полнење на пнаменските страници за возилото, користете го за да ви помогне подобро да го изберете решението што најдобро одговара на вашите потреби.

 

Некои примери:

C5 Aircross Plug-In Hybrid SUV: 100% полнење (55km) за 2 часа на Wall Box 7,4 kW**

AMI 100% електричен: 100% полнење за 3 часа на стандарден штекер

ë-C4 100% електричен: 80% полнење за 30 минути на суперполнач*

ë-SpaceTourer 100% електричен: 80% полнење за 30 минути на суперполнач*

ë-Berlingo Van 100% електричен: 80% полнење за 30 минути на суперполнач*

ë-Jumpy 100% електричен: 80% полнење за 30 минути на суперполнач*

ë-Jumper 100% електричен: 80% полнење за 30 минути на суперполнач**

 

*Време за полнење на терминал од 100 kW ** Време за полнење на терминал од 50 kW

Дали постои стандард за полнење?

Електричните и хибридните возила од Citroën се компатибилни со европскиот стандард и затоа се компатибилни со сите терминали во Европа.

100% електричните возила од Citroën (со исклучок на Citroën AMI) се стандардно компатибилни со 50 kW брзо полнење на терминал за ë-Jumper и 100 kW за други возила од гамата.

Може ли да го наполнам моето електрично возило на конвенционален штекер?

Можете да го полните возилото на конвенционален приклучок за домаќинство, со специјален наменски дизајниран кабел. За 100% електрично возило (со исклучок на AMI) е главно кога нема друго решение за полнење, бидејќи времето за полнење е многу долго со овој тип на поврзување.

 

Доколку сакате побрзо полнење, инсталирајте засилен приклучок или Wall box. 

Дали е можно да го полнам моето електрично возило на јавен паркинг за возила? 

Доколку паркингот е опремен со станица за полнење, плаќањето ќе биде во согласност со ценовната политика на паркингот. 

Каков кабел да користам? 

Некои кабли се испорачуваат како стандардна опрема, а други се специфична опрема достапна за нарачка како дополнителна опрема.

Секој полнач има наменски кабел.

 

100% електрични и хибридни возила:

● Кабел за стандарден режим 2: за употреба на приклучок за домаќинство.

● Кабел за засилен режим 2: за употреба на засилен приклучок.

● Кабел за еднофазен режим 3: за употреба на 7,4 kW Wall Box или јавна станица за полнење. Кај C5 Aircross Plug-in Hybrid, вградениот полнач од 7,4 kW мора да се земе како опција при купувањето на возилото.

 

100% електрични возила:

● Кабел за трифазен режим 3: за употреба на трифазен Wall Box или јавна станица за полнење. Вградениот полнач од 11 kW мора да се земе како опција при купувањето на возилото.      

СЕРВИС / ОДРЖУВАЊЕ / ГАРАНЦИЈА

Како да го одржувате вашето 100% електрично возило?

Одржувањето на електрично возило е многу поедноставено, тоа е вистинска предност:

● Поретко одржување отколку кај возило со мотор со внатрешно согорување,

● Без промена на масло, замена на филтри за масло, проверка на квачило или издувни гасови,

● Поретка посета на сервисен центар: приближно на секои 2 години или 25.000 km,

● Систематска дијагноза врши овластена мрежа на Citroën секогаш кога возилото се сервисира.

Кој е гарантниот период на батеријата?

Без разлика дали се работи за 100% електрично возило (со исклучок на AMI) или Plug-in Hybrid, Citroën се обврзува на гаранција за батеријата од 8 години или 160.000 km, за минимално полнење од 70% од нејзиниот капацитет.

 

Кај AMI гаранцијата е 3 години или 40.000 km.

 

Батеријата за стартување (12 Volt) е загарантирана како и остатокот од возилото.

Како се проверува батеријата?

Батеријата се дијагностицира при секоја посета на сервисен центар.

 

За 100% електрично возило, клиентот може да побара „сертификат за капацитет на батеријата“ секој пат кога неговото возило се сервисира доколку има договор за сервисирање, вклучувајќи и одржување.

Може ли да ја тестирам батеријата? Како да знам дали е во добра состојба?

Не можете сами да ја тестирате батеријата. Потребна е дијагностички алат кој ќе ги чита шифрите на дефекти и ќе овозможи нивна анализа.

 

За време на секое сервисирање на возилото, овластената мрежа на Citroën врши систематска дијагноза.

 

За 100% електрично возило, клиентот може да побара „сертификат за капацитет на батеријата“ секој пат кога неговото возило се сервисира доколку има договор за сервисирање, вклучувајќи и одржување.

Што да направите во случај на дефект на батеријата?

Добивате информации за нивото на батеријата и имате предупредување на 30 километри за 100% електрични возила. Во случај на дефект на батеријата, во понудите од Citroën, вклучено е помош на пат и ќе добиете помош за просечно 40 минути.

 

Внимание, не мешајте „дефект на батерија“ и „енергетски прекин“:

● Дефект на батерија:

          ø 70% од капацитетот на батеријата е загарантиран,

          ø Помош на пат* за 8 години или над 160.000 km за најмалку 70% од капацитетот за полнење,

          ø Просечна интервенција за 40 минути.

● Енергетски прекин:

          ø Бесплатна помош на пат е вклучена во договорите за услуги и влечење до најблиската станица за полнење,

          ø Имате предупредување 30 km пред енергетски прекин,

          ø Просечна интервенција за 40 минути.

 

* За Citroën Ami: 3 години или 40.000 km

Дали моето електрично или хибридно возило е предмет на технички преглед?

Да, електричните и хибридни возила се предмет на технички преглед, како и возилата со мотор со внатрешно согорување.
ВЛИЈАНИЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Што се случува со батериите на крајот од нивниот век? 

Групацијата STELLANTIS има воспоставено процес за собирање и рециклирање батерии од електрични  и хибридни возила во сите продажни места во Европа, во партнерство со признати европски центри за рециклирање.

 

Европската директива наметнува ефикасност на рециклирање од 50% месечно (во однос на масата на батеријата).

 

STELLANTIS, преку своите партнери за рециклирање, обезбедува ефикасност на рециклирање од најмалку 70%.