DS ВО КИНА: лансирање на DS 5LS, втор DS произведен локал

Премиерно претставен пред три месеци во Париз, DS 5LS од денес е комерцијализиран во Кина. Вториот DS произведен во фабриката во Шенцен, по лансирањето на DS 5 лансиран пред шест месеци, е првата премиум берлина во сегментот C на троделни возила во Кина. Специјално дизајниран да ги задоволи очекувањата на кинеските купувачи применувајќи ја целокупната француска умешност и знаење, DS 5LS пристигнува во вистинско време за забрзување на офанзивата на марката DS во Кина. Марка во полн ек на пораст, со создавање на мрежа од 56 продажни места за период од две години.
Претставен пред кинеските медуими на 19 декември во Карусел, Лувр во Париз, од денес DS 5LS е комерцијализиран во Кина. Со лансирањето на оваа нова берлина, втора DS произведена локално, марка започнува нова офанзива со DS во земјата :
- 21 месец по лансирање на марката DS во земјата (со увезување на : DS3, DS4 и DS5),
- 1 година по отворање на DS World во Шангај, flagship на линијата DS (на улицата Nanjing Road),
- 6 месеци по комерцијализација на DS5 произведен локално во фабрика во Шенцен,
- со развиена мрежа од 56 продажни места во најголемите центри во земјата.
Модел специјално дизајниран да ги задоволи кинеските купувачи во смисла на архитектура, просторност и опременост, DS 5LS го афирмира францускиот дизајн инспиран од париската префинетост, основна вредност на понудата DS.
За Ив Бонефонт (Yves Bonnefont), CEO DS : « Кина е најголем автомобилски светски пазар а истовремено и премиум пазар со најсилен пораст во светот. Токму затоа DS, нашата премиум марка си го постави овој приоритет за развој N°1. Како никогаш досега сме во офанзива во оваа земја, со лансирање на три нови модели кои се произведуваат локално: DS5 минатиот септември, DS 5LS денес, и еден SUV во втората половина … Ве поканувам идниот месец на Саемот во Пекинг за да дознаете повеќе! ».