September 14, 2015

DS VIRGIN RACING ЈА ОТКРИ ОБОЕНОСТА НА БОЛИДИТЕ НА ФОРМУЛА Е

На неколку недели од почетокот на втората сезона на Шампионатот на ФИА на Формула E, екипата на DS Virgin Racing ја претстави обоеноста на нејзините болиди DSV-01.

Со спојување на идентитетите на DS и Virgin, оваа нова обоеност ги  спојува со елеганција и динамизам стилските кодови на двете марки.

Во продолжение на почетната сезона на Формула E, болидите пилотирани од Сем Бирд и Жан-Ерик Верњ ќе ги носат имињата на Холи и Бели Брансон. И понатаму ќе го носат натписот «flying lady», кој традиционално се користи за да се илустрираат технолошките проекти на Virgin.

За да се прослави лансирањето на новата боја на болидот, DS Virgin Racing оствари едно видео на патеката Donington Park, кој го прикажува британскиот возач Сем Бирд и го опишува развојот на бојата во периодот меѓу двете сезони.

«Сега кога се смирија страстите, утврдивме дека ние веќе го имаме најубавиот болид на сцената и прекрасно е да се открие нова надмоќна обоеност за сезоната 2», објаснува Сем Бирд. «Болидите на Формула E сочинуваат извонредна основа, но сметам дека ние зачнавме една нова етапа со овие бои. Брзам да ја откријам конкуренцијата  во Пекинг за да го откријам новиот дизајн на гледачите кои ќе се најдат на трибините или пред нивната телевизија!»

«DS има долга традиција во врска со премиум автомобилите и оние кои заведуваат. Обоеноста на екипата на  DS Virgin Racing не е исклучок од ова правило», додава Жан-Ерик Верњ. «Јас сум ентузијаст кога се работи за песпективата да се остане близок во нареднава сезона со ваков извонреден автомобил

Алекс Те, шефот на тимот DS Virgin Racing, изјавува: «Шампионатот на ФИА во Формула E брзо се развива,исто како и екипата на  Virgin Racing, која веќе се нарекува DS Virgin Racing благодарение на партнерството со марката DS. Нашиот концепт за втората сезона е довербата која ја имаме во нашиот тим и светските марки кои ги претставуваме. Многу сакам да додадам црна боја, која на автомобилот му додава префинет и динамичен изглед што одговара на нашиот приод на натпреварувањето. Традиционалните бои на Virgin и понатаму се присутни, но истите ги обновивме».

Ив Бонфон, генерален директор на марката DS, заклучува: «Воодушевени сме што учествуваме на Шампионатот на ФИА во Формула E. Револуцијата во обоеноста на нашата екипа претставува извонреден начин да се прикаже нашето партнерство. Спојувајќи ги стилските елементи на DS и Virgin, создадовме нов автомобил со луксузен и софистициран дизајн.»