DS VIRGIN RACING ГО АНГАЖИРА АЛЕКС ЛИН КАКО РЕЗЕРВЕН ВОЗАЧ

Возачот на F1, шампион на GP3 и победник од Макао, Лин изјави: « Формула E е несомнено најконкурентниот шампионат каде сакам да учествувам.
23- годишниот, Алекс Лин внесува богато искуство и успех во трките со едносед, со неговата листа од награди во Formula Renault UK и GP3, повеќекратни победи во GP2, улогата во одделот за развој во F1, како и награда во Макао.
Пристигнувањето на Алекс Лин претставува вистински успех за нашата екипа: « DS Virgin Racing е најкул екипа на шампионатот.! »
За оваа дисциплина Алекс Лин изјави: « Формула E е шампионат кој ги собира возачите од највисок ранг: секој возач посакува да учествува на најдобрите шампионати и затоа јас сакам да си обезбедам сопствено место во Formula E, со одлична екипа. Пресреќен сум што потпишав со DS Virgin Racing ! »
Алекс Таи, Одговорниот на тимот DS Virgin Racing, верува во истото : « Пресреќен сум што успеавме да привлечеме возач од калибарот на Алекс Лин. Ова е доказ за силата на Formula E. Фактот дека овој шампионат привлече возачи како Алекс и изборот на DS Virgin Racing како екипа зборува за нас. Со нетрпение очекуваме да видиме што ќе постигне Алекс во нашиот едносед. »
Повеќе инфомарции за DS Virgin Racing Formula E Team, на http://www.ds-virginracing.com и http://map.virginracing.com/