December 2, 2016

DS URBAN STORE, НОВИОТ КОНЦЕПТ НА БУТИКОТ DS

свечено отворање во присуство на Арно Рибо, директор на маркетинг и светска продажба на DS Automobiles, првиот DS Urban Store се отоври во престижниот трговски центар во Вестфилд, Лондон.

Уникатно и ексклузивно место, кое го најавува новиот концепт на дигиталните продавници на марката DS кои ќе се отворат во богатите квартови и во места со зголемен сообраќај.
За Ив Бонефон, генерален директор на марката DS, « Отворањето на DS Urban Store во Лондон е важна етапа во изградба на мрежата на DS. Овој нов конецпт на дигитални продавници се вистински адут за промоција на марката до широката јавност. Истовремено претставува продажно место, место за размена на искуства и внесување во светот на Марката. »
Овој бутик се состои од пет различни делови:
– ИЗЛОЖБА НА легендарен модел DS
– DS VIRTUAL VISION за виртуелна персонализација на повеќе колекционерски модели на DS.
– БУТИК DS, со понуда на колекционерски предмети од марката.
– LOUNGE DS, за конфигурација на вашиот DS со помош на продажен агент да одговори на сите ваши прашања;
– BIJOUTERIE DS,простор посветен за купувачите на DS при испорака на нивниот DS.

ПРВИОТ DS URBAN STORE ВО ЛОНДОН
Отворен е првиот DS Urban Store во Лондон на простор од 140 m2 и ве поканува да го посетите.