September 5, 2016

DS ОФИЦИЈАЛЕН ПАРТНЕР НА НАСТАНОТ CHANTILLY УМЕТНОСТ & ЕЛЕГАНЦИЈА РИШАР МИЛЛ

Во недела на 4 септември 2016, DS Automobiles ќе се наоѓа на новиот настан Chantilly Уметност & Елеганција Ришар Милл

Присутна уште од самиот почеток, марката ќе го поддржува овој ексклузивен настан во својство на официјален партнер. Учеството на овој конкурс за елеганција со возилото DS E-TENSE рамо до рамо со креациите на Еимерик Франсуа (Eymeric François), изложбата на 25 модели DS и колекционерските SM, како и посебен настан за Електричната формула DSV-01 и изложба на нова линија производи …

КОНКУРС ЗА ЕЛЕГАНЦИЈА : СИТЕ СВЕТЛА СЕ НАСОЧЕНИ КОН ИДНИНАТА НА DS, МАРКА НА ВИСОКА ТЕХНОЛОГИЈА И ЕКСКЛУЗИВНОСТ

Јавноста ќе може истовремено да се запознае со најновата креација на марката DS E-TENSE, која ќе парадира заедно со креацијата на модниот креатор Еимерик Франсуа на Конкурсот за Елеганција и ќе се обидат да го воодушеват жирито составено од пребирливи членови.

Осумстотини часови посветена работа за изработка на внатрешноста на DS E-TENSE од страна на вештите раце на преработувачот на кожа MOYNAT, часовничарот BRM Chronographes и специјалистот за изолација FOCAL кои креираа неспоредлив луксузен амбиент. Покрај невообичаениот изглед, ова возило се истакнува со електричен погон на движење со моќност од 402 КС и максимален вртежен момент од 516 Nm. Со автономија од 300 km, DS E-TENSE се рангира во светот на GT со високи перформанси. Фановите ќе може да уживаат и во новиот DSV-01*, едносед 100% електричен, дел од екипата DS Virgin Racing, кој се постави на третото скалило на светскиот шампионат во Формула Е (FIA).

ДВОРЕЦОТ ШАНТИЈИ, ПРЕСТИЖНО И ЕКСКЛУЗИВНО МЕСТО ЗА ВОЗДИГНУВАЊЕ НА МАРКАТА DS

На овој настан ќе се најдат на едно место повеќе од дваесет оригинални примероци на DS и SM за да ја прослават авангардноста на марката преку своите автомобили. Фановите ќе можат да уживаат во следните модели: ID, Dspécial, DS Pallas, DS découvrable, DS Cabriolet, DS Chapron Croisette… и уште, SM Opéra, SM Proto Fura, SM Export USA…