March 15, 2019

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ „SUV НА ГОДИНАТА“ И „ТОМИСЛАВ БИЉАРАЦ“

Новиот Citroën C5 Aircross SUV и официјално се закити со наградата „SUV на годината во Македонија“, а г. Стерули Бураку го доби признанието „Томислав Биљарац“, на свеченоста во организација на Националното жири за Избор на автомобил на годината во Македонија, која се одржа во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Честа да ги прими и двете награди ја имаше г. Кочо Бураку.

Доделувањето на наградите од манифестацијата „Избор на автомобил на годината во Македонија“, се одржа вчеравечер по 24 пат во свечена атмосфера во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Доделено беше признанието „SUV на годината во Македонија“ кое му припадна на новиот SUV Citroën C5 Aircross, SUV од Комфор класа кој достојно се претставува на македонскиот пазар.

Воедно признанието „Томислав Биљарац“ за 2019 година кое се доделува за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија му припадна на г. Стерули Бураку. Наградите ги додели претседателот на Националното жири за „Избор на автомобил на годината во Македонија“, г. Горан Антевски.

Честа да ги прими и двете награди ја имаше г. Кочо Бураку, кој се заблагодари на жирито и ја истакна сериозноста и посветеноста со која веќе втората генерација од семејстото Бураку се залага за развивање и унапредување на деловното работење во автомобилската индустрија, како во Македонијатака и во регионот.

Погледнете ја галеријата фотографии од свеченото доделување на наградите.

Photo credit: carclub.mk 24auto.mk