CITROËN ЈА РЕДИЗАЈНИРА СВОЈАТА ЛИМУЗИНА:
C-ELYSÉE

Citroën ја откри својата нова триделна лимузина C-Elysée која на марката ѝ донесе двоен успех.
Citroën ја откри својата нова триделна лимузина C-Elysée која на марката ѝ донесе двоен успех.
Најпапред комерцијален успех со 400 000 продажби од нејзиното лансирање кон крајот на 2012, на најважните пазари и тоа Кина, Турција и Алжир, а потоа и спортски успех со три последователни титули светски шампион во класа производители на FIA WTCC.
Редизајнирани се неговиот изглед напред, вградени се светла во 3D назад, нови раткапни како и нови алуминиумски фелни од 16’’ и две нови бои на каросерија. Покрај зголемена удобност и просторност има на располагање и нови технологии кои го поедноставуваат вашиот живот од примерот Citroën Connect Radio и Citroën Connect Nav со таблет на допир од 7’’. Ќе се комерцијализира во првото тримесечје од 2017.
РЕДИЗАЈН НА ОВОЈ КОМЕРЦИЈАЛЕН И СПОРТСКИ УСПЕХ
Citroën C-Elysée е дизајниран пред сè за светските пазари но ја има на располагање целокупната генијалност на Citroën. Оваа триделна лимузина најнапред беше комерцијализирана кон крајот на 2012 во земјите околу Средоземното море а кон крајот на 2013 и во Кина, и веднаш се наметна како best-seller на марката на светските пазари. До денес се продадени повеќе од 400 000 автомбили C-Elysée во светот. Само во 2015, се регистрирани 117 000 автомобили C-Elysée од кои 90 000 во Кина.
Покрај комерцијалниот успех C-Elysée бележи и спортски успех на светскиот шампионат FIA WTCC. Citroën реализира три последователни титули светски шампион производители и 3 титули светски шампион возачи во тригодишно учество.
БЕРЛИНА СО ПРИВЛЕЧЕН И АТРАКТИВЕН СТИЛ
Привлечна и избалансирана лизмузина, C-Elysée ги поседува стилистичките ознаки на марката и се позиционира во светот на триделни берлини кои се наметнуваат на светскиот пазар со својаот статус на издржливо и големо возило.
Редизајнот на C-Elysée опфаќа нова маска напред и нови хромирани шеврони кои се издложуваат и се претопуваат во фаровите. Фаровите се целосно редизјанирани, зголемени и во себе имаат вградено хромирани конуси. Овој континутет меѓу маската и фаровите ја зголемуваат перцепцијата за ширина на возилото. Новиот светлосен потпис со LED светла вграден над
Назад, новиот C-Elysée се одлучи за светла во 3D ефект, која се надоврзува и на светлосниот потпис назад на Citroën. На овој начин се истакнува неговата ширина и елегенција. Од профил, достапни се две нови понуди на фелни од 16’’ : раткапна« 3D » во две бои и една алуминиумска фелна « San Diego ». Неговата каросерија доби две нови бои кои дополнително го истакнуваат нејзиниот модернизам: Lazuli Сина која ја заменува Сината Télès и Сива Acier на местото на Aluminium.
Во патничкиот простор материјалите кои се употребени гарантираат елеганција, издржливост и лесно одржување. Од редизајнот на командната табла вреди да се напомене новиот таблет на допир од 7’’. А пак диспејот поседува нова графика со бела матрица каде се групирани сите информации за возењето.